Историчарите утврдиjа кога дошло до формирање на „советска нација”

Иван Шагин/Sputnik

Во 1920-тите и 1930-тите години настана генерација на нови луѓе која е условно наречена „советски народ“. За оваа генерација се карактеристични ентузијазмот, оптимизмот, будноста, немилосрдноста, исклучителната издржливост, суровоста и рамнодушноста. За ова за порталот naked-science.ru зборуваше доцентот на Тјуменскиот државен универзитет Галина Гавриличева.

Пред да станат дел од „советскиот народ“, Русите преживеаја две катастрофи во 1917-1921 година и 1928-1933 година, кога беа на работ на колапсот. Целосната затвореност на СССР, отсуството на објективни информации за тоа што се случува во странство и минималната економска попустливост на властите се чинеа како спасоносен дожд во пустината на револуционерното самоволие и озаконетото „беззаконие“. Токму ваквата ситуација во свеста, секојдневието и душевно-моралниот став на луѓето го формираше советскиот идентитет, смета истражувачот.

Најважниот аспект на секојдневниот живот беше советската култура на празникот, која посветуваше особено внимание на годишнините, спомените и настани што ги чуваат достигнувањата на револуцијата во свеста на работниот народ.

Анализирајќи го овој процес на ниво на свеста на обичниот народ (а не на револуционерите, партиските и државните чиновници), историчарите ја издвојуваат ситуацијата од 1921 година, кога гладот, епидемијата и смртноста беа на својот врв. Современиците биле толку избезумени што во состојба на шок се вклучиле во изградбата на социјализмот, на што ги наведувал инстинктот за самоодржување.

Некои историчари сметаат дека процесот на создавање на новата цивилизација траел без прекин со променлив интензитет сѐ до крајот на 40-тите години на ХХ век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња