Кадети на МВС во близина на Петербург пронајдоа „летечки тенк” од Втората светска војна

МЧС
Пронајдени се и посмртните останки на пилотот Николај Гуљакин кој служел во 211 јуришен авиополк.

Кадети на Академијата на државната противпожарна служба на Министерството за вонредни состојби на РФ (МЧС) пронајдоа во рамките на акцијата „Стража на сеќавањето” авион ИЛ-2 од Втората светска војна недалеку од Петербург, јави новинската агенција ТАСС.

Авионот е пронајден недалеку од градот Мга во Ленинградската областа. Без оглед на тоа што работите се вршеа во тешки услови за пребарување, на шумско-мочуришен терен, учесниците во операцијата пронајдоа не само делови од трупот, фрагменти од крилата, делови од моторот, кабината, туку и гравитациски бомби РС-82 и делови од топовското вооружување во одлична состојба, соопшти прес-службата.

Како што се нагласува, кадетите ги пронашле и посмртните останки на еден пилот, наредникот Николај Трофимович Гуљакин, роден 1921 година, кој служел во 211 јуришен авиополк и загинал на 31 август 1942 година обидувајќи се да ја погоди целта.

„Роднините на пилотот се пронајдени, соработниците на академијата во најскоро време ќе им ги предадат личните работи на пилотот”, рекоа од службата за односи со јавноста.

За време на Втората светска војна се произведени вкупно 36 илјади авиони „Ил-2“. Непријателските освојувачи го нарекуваа леталото „Црна смрт“ и „Летечки тенк“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња