Во Петербург отворена тродимензионална панорама „Патот низ војната“

Невский баталист

Проектот зафаќа 2 илјади квадратни метри, на кои се реконструирани настани од Втората светска војна.

Во Петербург е отворена тродимензионална панорама како дел од проектот „Сеќавањето зборува. Патот низ војната“. Изложбата е посветена на подвигот на советскиот народ за време на Втората светска војна и Опсадата на Ленинград. Композицијата се наоѓа на територијата на креативниот јавен градски простор „Севкабељ Порт“. Проектот го реализираше креативната група „Невски воени сликари“.

Организаторите велат дека панорамата опфаќа осум сали. Нејзината површина е 2 илјади квадратни метри. Проектот ги реконструира од една страна борбените услови, а од друга страна, условите за живот на луѓето во позадината. Меѓу другото, прикажани се: белоруско село од 1941 година, Лушката одбранбена линија, фабриката за оружје во Тула, Сталинградската битка, ослободувањето на Европа и заземањето на Рајхстагот 1945 година.

Направени се макети на авиони, тенкови и артилерија од тоа време. Сета техника е прикажана во природна големина. Секоја сцена има свое сиже и свои јунаци. Авторите ги создадоа ликовите врз основа на архивски документи и сеќавања на учесниците во овие настани.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња