Според зборовите на Таубман, повикот бил поттикнат од ситуацијата околу Берлин, кој по Втората светска војна беше поделен на два дела. Хрушчов бараше САД, Велика Британија и Франција да ги повлечат трупите од Западен Берлин. Во спротивно СССР се закануваше дека ќе ѝ препушти на Источна Германија да го контролира пристапот до западната половина на градот. Москва исто така изрази подготвеност да потпише сепаратен мировен договор со Западен Берлин. Така можеше да се случи целиот град да биде под контрола на Источна Германија, што не им одговараше на Американците.
Претседателот на САД Двајт Ајзенхауер долго време не сакаше да попушти по ова прашање, но тензиите пораснаа толку што веќе постоеше страв од можна војна.
„Тензијата попушти така што Ајзенхауер го покани Хрушчов да ги посети САД. Поканата важеше под услов да се постигне договор за Берлин. Меѓутоа, поради една чудна околност тој услов не е споменат во поканата што стигна до Хрушчов, така што генералниот секретар на ЦК КПСС беше зачуден, но ѝ се израдува на поканата да ги посети САД“, ги пренесува агенцијата РИА „Новости“ зборовите на Таубман.
Грешката, вели тој, ја направи заменик-државниот секретар Роберт Марфи, кој во Њујорк требаше да му ја предаде поканата на првиот заменик-претседател на Советот на министри на СССР Фрол Козлов, кој дојде на отворањето на советска изложба. Дипломатот го стори тоа, но поради некоја причина не го спомна условот на Ајзенхауер.
„Претседателот беше многу вознемирен и потресен. Тој му рече на Марфи дека сега ќе мора да одржи средба што му е непријатна и дека не знае зошто се состанува со Хрушчов. Му беше многу криво поради таа грешка, ... но можеби се надеваше дека во текот на посетата ќе постигне некаков напредок во преговорите со Хрушчов“, раскажа Таубман.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче