Америка ѝ враќа на Русија украдени документи со потписот на Николај II

Владимир Бојко, Russian Look/Global Look Press
Вашингтон ќе ѝ предаде на Москва 16 историски документи потпишани од рускиот цар Николај Втори, а кои беа украдени од руските архиви на почетокот на деведесеттите година од минатиот век.

На 18 септември 2019 година во 15 часот во резиденцијата на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Руската Федерација „Спасо Хаус“ ќе се одржи свечено службено предавање на руската страна на 16 историски документи, потпишани од императорот Николај Втори, соопшти на својот сајт Министерството за култура на РФ, наведувајќи дека на церемонијата ќе присуствува американскиот амбасадор во заминување Џон Хантсман. 

Како што се наведува, документите с пронајдени во истрага што ја спровело од американското Министерство за внатрешна безбедност.

Ова не е првпат Соединетите Држави да ѝ враќаат историски документи на Русија, па така во март 2016 година американската страна ѝ предаде на руската 28 архивски документи што биле украдени дваесет години порано и илегално пренесени во странство. Меѓу нив имаше и наредби потпишани од Сталин, како и оригинални укази со потписите на Петар Велики, Ана Јоановна, Елисавета Петровна и Павел Први. Свеченото предавање на документите се изврши во резиденцијата на американскиот амбасадор Џон Тефт во Москва.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња