Зошто Британците и Советите го окупираа Иран додека нацистите биле пред Москва?

Советски единици влегуваат во градот Табриз.

Советски единици влегуваат во градот Табриз.

Дмитриј Минскер/Sputnik
Советските и британските единици не се сретнале за првпат во Висмар во мај 1945 година, како што мислат поголемиот број луѓе. Сојузничките сили уште во 1941 година заедно влегле во Иран и ја поделиле неговата територија.

1. Таа трагична 1941 година Вермахтот го окупирал поголемиот дел од Балтичкиот регион, Белорусија и половина Украина, а се приближувал до Ленинград (денешен Санкт Петербург) и на Москва. Затоа била многу невообичаена одлуката на советското раководство да отвори фронт во Иран илјадници метри далеку од Европа.

Советски и британски пешадинци работат рамо до рамо во Иран во 1941 година.

2. Иран многу ги загрижувал сојузниците. Иако се декларирал како неутрален, сепак бил изразито наклонет кон Германците. Третиот рајх имал огромно влијание врз иранската политика и економија. Германската разузнавачка служба во Иран извршувала големи операции. Иранскиот шах Реза Пахлави ги отфрлил сите британски и советски молби да ги протера од земјата многубројните германски државјани.

Црвеноармеец разговара со војник од иранската армија кој го положил оружјето.

3. Ваквата состојба била неприфатлива, делумно и поради тоа што важна делница за транспорт во согласност со Законот за заем и наем водела преку иранската територија низ таканаречениот персиски коридор. Сојузниците се договориле да преземат контрола над земјата до крајот на војната за да се исклучи секоја можност Иран да им помогне на силите на Оската или дури и да им се приклучи. Така на 25 август 1941 година советските и британските единици влегле во Иран. Оваа воена интервенција го има добиено називот „Операција Слога“.

Британски војници заинтересирано разгледуваат борбен тенк Т-26 по средбата со советските единици во Иран.

4. Советскиот Сојуз нашол легитимна причина за интервенција, така што не му објавил војна на Иран. Се повикал на Руско-персискиот договор од 1921 година во кој пишува: „Доколку трета страна посака да ја искористи персиската територија како база за операција против Русија, Русија има право да испрати свои единици во длабочината на персиската територија за изведување воени операции кои се потребни за нејзина одбрана.

Делови од советската и од британската армија се сретнале кај Кавазин.

5. Советската и британската интервенција со падобрански десанти во непријателската заднина била неочекувана, а сојузничката авијација имала апсолутна доминација на небото, така што побројната иранска армија немала многу шанси да се одбрани. Во првите денови Иранците се обиделе да дадат отпор, но набрзо се дале во хаотично бегство и масовно се предавале.

Коњи влечат артилериско оружје по улиците на ирански град.

6. Откако видело дека армијата ги губи битките на сите фронтови, иранското раководство на 29 август им наредило на своите единици да го положат оружјето. Следниот ден британските и советските единици се сретнале во Санандаџ, а на 31 август Советите и Британците се ракувале во Казвин, на само 160 километри од Техеран.

Советски офицер пука од сигнален пиштол некаде во иранската пустина. Зад него е оклопното возило БА-10.

7. Сојузничката војска на 15 септември влегла во Техеран, каде организирала заедничка воена парада. Советите во целата кампања изгубиле 40, а Британците 22 војника. Иранците изгубиле над 800 војници, додека 200 цивили загинале кога сојузниците ги бомбардирале иранските градови.

Британска транспортна колона за снабдување на заднината во придружба на советските оклопни возила БА-10.

8. Советските единици ги окупирале северните, а британските јужните и југозападните делови од земјата. Иран добил нов лидер. Шахот Реза Пахлави се одрекол од престолот во корист на својот син Мохамед Реза Пахлави, под чие раководство земјата ѝ објавила војна на Германија. Со тоа е овозможено непречено функционирање на персискиот коридор, а потоа и одржување на конференција на сојузничките лидери во Техеран во 1943 година.

Британската армија на блискиот исток во 1943 година.

9. Било одлучено сојузниците да го напуштат Иран шест месеци откако завршила војната. Велика Британија благовремено ги евакуирала своите единици, а Советите не брзале. Сталин организирал основање на неколку марионетски држави – Азербејџанската Народна Република и курдската Република Махабад на северот од Иран со цел подоцна да ги анектира.

Генерал В.В. Новиков и бригадата на генерал Џ. Тиркс пред параден строј на советските единици во Техеран.

10. Овој чекор имал голем дипломатски одек на Запад и во ООН, што на крајот го принудил Советскиот Сојуз да попушти и да ги остави марионетските држави на милост и немилост на судбината. Набргу потоа иранската армија повторно воспоставила контрола над своите северни територии.

Советски тенкисти од 6 тенковска дивизија на улиците на Табриз во борбен тенк Т-26.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња