Археолошки работи на местото на урнатиот 14 блок на московскиот Кремљ
Global Look PressНајверојатно се работи за објекти што му припаѓале на Разрјадниот Приказ, орган на воената управа на територијата на Руското царство кое потоа прераснало во Руската империја, изјави директорот на Институтот за археологија на Руската академија на науки Николај Макаров, пренесува РИА „Новости“. „Имавме сознанија дека тоа може да се наоѓа тука [на територијата на сегашниот Голем кремљовски плоштад]“, коментира тој.
Во мај 2019 година Институтот за археологија започна со ископувања на овој локалитет во Кремљ. Историчарите му ги претставија прелиминарните резултати од истражувањето на претседателот на Русија Владимир Путин.
Шефот на руската држава го посети овој локалитет во јуни. За време на посетата Путин држеше в раце одделни наоди и високо ја оцени работата на археолозите, потенцирајќи го нејзиното значење за земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче