Во рускиот град Пушкин се реконструира последниот дрвен храм изграден во Руската империја

Сергеј Смирнов/Global Look Press
Во градот Пушкин, на Царскоселските братски гробишта ќе биде обновена последната дрвена црква подигната во Руската империја „Ублажи ги моите жалости“, која беше срушена во лошите времиња 1937 година.

Камен-темелникот, со кој симболично ќе биде означен почетокот на изградбата, ќе биде поставен денес, 1 август, на местото на кое се наоѓа зачуваниот темел на стариот храм. Изградбата на црквата започна во 1915 година на Царскоселските братски гробишта. На гробиштата, кои постојат од 1914 година, се погребувани војници загинати во Првата светска војна. Токму во Царско село се наоѓале големи болници, така што многу ранети од фронтот биле префрлувани тука.

Кога започнала изградбата на црквата „ Ублажи ги моите жалости“, повеќе од 400 луѓе биле погребани на гробиштата, а во 1917 година веќе имало 1500.

Црквата била активна сè до 1937 година кога бил убиен старешината на храмот, а светињата урната. Престанале да постојат и Царскоселските братски гробишта кои биле преорани од булдожер, престанаа, по што биле посипани со слој земја на површината. На некои делови биле направени дури и градини.

Пред дваесет години на местото каде што биле гробиштата почна да се врши богослужба. Градините беа отстранети, а просторот расчистен. Планот е да се подигне меморијален центар „Гробница на непознатиот војник од Првата светска војна“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња