На северниот дел од фронтот офанзивата на германската војска во голема мера беше запрена. Но, на јужниот дел од фронтот (Белогородскиот оперативно-стратегиски правец) германските единици кои во поголем дел беа составени од оклопно-гренадирски дивизии од составот на Вафен СС, вршеа силен притисок на советската одбрана која под нивниот удар постепено се извлекуваше кон гратчето Курск. Овие германски единици во својот состав имаа голем број тешки тенкови „Тигар“ како и средни тенкови „Пантер“ кои од самиот почеток на операцијата „Цитадела“ во целосен капацитет се ангажирани на целокупниот фронт, пишува Интернет-порталот Марсонлајн.
Во текот на својата офанзива на Германците им тргна од рака да запрат неколку советски контранапади кои беа насочени кон нивните странични делови. Со енергичен продор на 1 СС оклопна дивизија „Адолф Хитлер“ (SS-LAH) и особено на 2 СС оклопна дивизија „Дас Рајх“, тие успеаја да дојдат до коритото на реката Псел и да се приближат до Прохоровка.
Судир на советскиот гардиски полк со германската оклопна колона 2 Ес-Ес „Дас Рајх“, Курска битка
Слободан ЃукиќОткако избија на реката Псел, германските единици очекуваа противудар од страна на единиците на 5 гардиски корпус на советската армија, па на 11 јули го искористија за обемно попречување на своите положби. Делот од фронтот кој се протегаше по должината на коритото на реката Псел и на железничката пруга беше утврден. Планот на германската врховна команда беше да ја зајакне 1 СС оклопна дивизија „Адолф Хитлер“ кој врз себе ќе го прими главниот удар од страна на советскиот противудар, додека истовремено тенковската група на 3 СС оклопна дивизија „Мртовечка глава“ имаше за задача да ја форсира реката Псел, и отстрана да ги нападне единиците на Црвената армија.
Следниот ден, на 12 јули во 8 часот големиот советски противнапад започна со жестока артилериско-ракетна подготовка, во која беа ангажирани голем број ракетни фрлачи со повеќе цевки „Катјуша“. Канонадата траеше 15-тина минути, а веднаш по последниот испукан плотун во напад тргна советската оклопна техника. Во првиот ешалон се наоѓаа четири тенковски корпуси, а во вториот единиците на 5 гардиска армија која главно беше опремена со лесна оклопна техника.
Едноставно, основната задача на советскиот противнапад беше неколку тенковски корпуси во фронтален судир да го пробијат организираниот систем на непријателската одбрана, а потоа низ отворениот премин да бидат воведени свежи единици на 5 гардиска армија која главно беше опремена со лесна оклопна техника.
Советски тенковски корпус за време на подготовките за противударот.
Mary Evans Picture Library/Global Look PressСонцето кое се креваше од исток, им удираше во очи на германските нишанџии. Без оглед на тоа, советските тенковски колони кои на тенкопроодниот правец формираа група за пробој влегоа во дострел на германските противтенковски топови кои врз нив отворија урагански оган. Тактиката мораше да се менува брзо и во од. Наместо барање на слабите точки во непријателскиот распоред, советските оклопни единици се насочија на позициите на германската противтенковска артилерија, што предизвика привремена загуба во темпото на нападот. За тоа време, делови од 3 СС оклопна дивизија „Мртовечка глава“ во координација со борбената група „Кемпф“ изведе жесток напад, опфаќајќи го десното крило на 5 гардиска армија, Кога единиците на 5 гардиска армија кои се наоѓаа на десното крило на оперативниот распоред малку се средија и ја прифатија борбата, на спротивниот крај од фронтот се појави една оклопна чета составена од тешки тенкови „Тигар“, кои со поддршка на самоодни оружја, го нападна нејзиното лево крило.
Како што изминуваше денот, битката сè повеќе добиваше на интензитет. Наскоро практично сите тенковски сили ангажирани на овој простор влетаа во борба. Се измешаа единиците, поради што настанаа десетина ненадејни тенковски судири, без никаков тактички план и без подготовки. На полињата околу Прохоровка започна инстинктивна борба за живот или за смрт. Бојното поле се претвори во огромен „тенковски чеп“. Оклопните грдотии меѓусебно се бореа од блиско растојание, преживеаната посада на уништените тенкови скокаше од зажарените остатоци и со лесно стрелечко оружје веднаш влегоа во борба. Дојде до битка гради в гради, во која се употребуваа бајонети, пешадиски ашови, голи раце...
На овој план советските тенкисти поседуваа значителна предност во однос на непријателот. Речиси сите тенковски екипажи се бореа до последен човек, при што покажаа беспримерна храброст и јунаштво.
Германскиот тенк Pz.Kpfw.VI „Tiger" беше ударната сила на 2 тк. Ес-Ес
Слободан ЃукиќНа тенковите на советскиот 18 корпус беше исфрлен оган од германската оклопна група составена од тешки тенкови „Тигар“ кои се наоѓаа на брегот на реката Псел. Гранатите испукани од силните топови со калибар од 88 милиметри ги пробиваа оклопите на Т-34 со прилична дистанца, додека од другата страна советските тенкови можеа да го уништат непријателот од блиско растојание, со гаѓање отстрана или во задниот дел на тешкото оклопно возило.
Командантот на тенковскиот баталјон Пјотр Скрипкин издаде наредба на своите потчинети кои заедно со него се најдоа во овој хаос. Неговата наредба беше проста и едноставна „Правете сè што правам јас“, и на чело на својата единица тргна право на непријателот. Неговиот „КВ“ успеа да се приближи доволно блиску до непријателот и со првата граната да пробие оклоп ма едем германски „Тигар“ и да го исфрли од борбата. Кратко потоа влезе во тенковски дуел со своите колеги кои го следеа каде од трет обид и него успеа да го онеспособи. „Наскоро Скрипкин се најде под оган на неколку германски тенкови Тигар“, запиша командантот на 5 гардиска армија генерал Павел Ротмистров. „КВ“ беше погоден, а командантот ранет. Возачот Александар Нилокалев успеа некако со ранетиот командант да се извлече од запалениот тенк, каде го спушти во кратер од граната, а потоа повторно се врати во тенкот. Постепено зголемувајќи ја својата брзина, „КВ“ од кој излегуваше оган директно тргна кон првиот „Тигар“. Овој (се мисли на германскиот тенк), кога виде дека запалената грдотија на гасеници е директно насочена кон него, тргна во рикверц и во цик-цак возење се обиде да го избегне судирот. Но, беше доцна. Запалениот советски „КВ“ директно удри во германскиот „Тигар“. Од силниот удар испукаа тенковските гасеници, а двата тенка беа зафатени од пожар. Откако видоа што всушност се случува пред нивните очи, останатите германски тенковски екипажи на „Тигрите“ нагло го прекинаа огнот и тргнаа брзо да се извлекуваат од борбата“.
Советски тежок тенк КВ-1 и тежок самооден ловец на тенкови Су-152
Слободан ЃукиќНа другото крило од фронтот германска граната успеа да онеспособи тенковска гасеница на една 34-ка, со која командуваше постариот потпоручник Алексеј Паљчиков. Кога екипажот го напушти тенкот за да види дали може нешто да се поправи, група германски панцергренадири го искористи тоа и од непосредна близина отвори врз нив оган од артилериско оружје. На лице место загина командирот на тенкот, додека нишанџијата на топот и полначот тешко беа ранети. Полесно беше ранет возачот на тенкот Иван Сафронов. Откако собра оружје кое беше расфрлено околу тенкот, користејќи ја неговата физичка заштита, тој на многу помоќниот непријател му даде јуначки отпор кој го издржа до доаѓањето на зајакнувањето.
Советските оклопни единици околу 14 часа успеаја во целост да ја преземат стратешката иницијатива во свои раце и конечно да тргнат напред. Тие почнаа да го потиснуваат непријателот кој постојано се повлекуваше под нивниот удар. До крајот на денот линијата на фронтот беше поместена за 10-12 километри на југ, а Прохоровка дефинитивно беше одбранета. Во судирот на оклопите кој се случи кај Прохоровка, а каков што во историјата не е запаметен, победата ја однесе Црвената армија, со што беше даден конечниот исход на Курската битка. Со губењето на над 50% од оперативните тенкови, 1 СС оклопна дивизија „Адолф Хитлер“ итно беше префрлена во Италија. Од 17 јули сите единици на Црвената армија кои беа ориентирани кон непријателот, тргнаа во голема офанзива која резултираше со ослободување на Киев. Вкупната загуба на германските сили во Курската битка изнесуваше 500 илјади војници и офицери кои беа онеспособени.
Наспроти одбележувањето на 50-годишнината од Денот на победата во Големата татковинска војна на 3 мај 1995 година, на Прохоровското поле беше отворен православен храм „Свети апостоли Петар и Павле“. На неговите мермерни ѕидови се врежани имињата на седумте илјади советски војници кои токму тука ги оставија своите животи за спас на народот и на татковина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче