Кој се шегува, а?! Вицови за Сталин кои можеле живот да чинат

Sputnik, Freepik
Во Советскиот Сојуз буквално можело да се умре од смеење. Сепак, луѓето сакалe да се пошегуваат на сметка на моќниот водач, само морале да внимаваат кој ги слуша.

Во Советскиот Сојуз во триесеттите и во четириесеттите години од минатиот век поради виц сте можеле да завршите во затвор доколку вашата шега била на сметка на водачот на Комунистичката партија или, не дај Боже, да се однесувала на Јосиф Сталин лично (и ако некој ве исцинкари кај властите). На пример, архивските материјали велат дека извесен Сергеј Попович во 1947 година бил осуден на 10 години затвор зашто раскажал шест антисоветски вицови.

Тој секако немал среќа, но сепак поминал подобро од оние кои за шегите платиле со својот живот. Александра Архипова, филолог кој се занимава со советските вицеви, за радиото „Слобода“ рече: „Во четириесеттите години од минатиот век, за време на војната, луѓето биле осудувани на смрт поради 'антисоветска' пропаганда и поради контрареволуционерни вицови“. Затоа не сме далеку од вистината ако кажеме дека шегата можела да ве убие.

Но, какви биле тие вицови кои носеле животна опасност Со оглед на тоа дека четириесеттите години од минатиот век се далеку од нас, можеме тука да ги наброиме без стравување.

Маните на социјализмот

Некои вицови се занимавале со маните на социјалистичкиот систем на управување. Ова е еден од оние што Попович им ги раскажал на своите пријатели:

Една старица првпат во животот гледа камила и вели:
„О, кутрото коњче, што ти направила советската власт...“

Вицовите исто така ја исмевале официјалната пропаганда која на луѓето им ја претставувала само добрата страна на советскиот живот, минимизирајќи ги проблемите.

Александар Велики, Јулиј Цезар и Наполеон од небото ја гледаат Парадата на Црвениот плоштад во четириесеттите години од минатиот век.

„Да ги имав советските тенкови, ќе бев непобедлив“, вели Александар.
„Да ги имав советските авиони, ќе го освоив целиот свет!“, вели Цезар.
„Да ја имав Правда [главниот советски весник], светот никогаш немаше да чуе за Ватерло!“, вели Наполеон.

Советскиот социјализам беше добар во теорија, но на практика функционираше слабо. Многу основни продукти и стоки беа дефицитарни. Луѓето тоа го коментираа во вицовите.

„Што би се случил доколку во Сахара би се вовел социјализмот?“
„Првите 50 години ќе поминеа само во планирање и договарање. А, потоа одеднаш Сахара ќе останеше без песок...“

Сталин Грозни

Од дваесеттите до четириесеттите години на минатиот век семоќниот Сталин бил еден од главните јунаци во вицовите што луѓето тајно ги кажувале и ги прераскажувале. Обично бил прикажуван како суров човек од кого сите се плашат.

Сталин држи говор пред бројна публика во Кремљ. Одеднаш некој кивнува.
Сталин: Кој кивна?
Сите се тресат и никој не се осудува да признае.
Сталин: Прв ред, станете и одете. Ќе бидете стрелани.
(Аплауз)
Сталин: Значи, кој кивна?
Тишина.
Сталин: Втор ред, станете и одете. Ќе бидете стрелани.
(Овации, извици: Да живее Сталин!)
Сталин: И кој кивна?
Станува еден човек во последниот ред, тресејќи се: Јас бев, извинете...
Сталин: Нема врска. На здравје, другар!

Колективизацијата била процес на принудно организирање колективни фарми, колхози, и има однесено животи на стотици и илјада советски селани. Колхозите исто така биле тема на многу вицови.

Еднаш Сталин имал проблеми со глувци: се намножиле во неговиот кабинет во Кремљ и никој не можел да ги избрка. Еден пријател го советувал Сталин:

„Само прогласи го својот кабинет за колхоз. Половина од глувците ќе избегаат, а другата половина ќе умре од глад!“

Сепак, државната пропаганда константно го величела Сталин. Тоа исто така нашло одраз во вицовите.

Стариот Рабинович [еврејско презиме] оди на демонстрации, носејќи транспарент со натпис: „Ти благодарам, другар Сталин, за среќното детство!“
Еден полицаец го гледа транспарентот и му вели:
„Еј, другар, ова нема смисла. Ти си премногу стар; кога ти си бил дете, Сталин сѐ уште не бил роден!“
„Да, и моето детство навистина беше среќно без него. Му благодарам за тоа!“

Затворски вицови

Дури ни затворските казни не можеле да го скршат духот на советските граѓани. Во новото опкружување настанувале нови вицови.

Се среќаваат двајца затвореници во затворска ќелија.
„Зошто си тука?“
„Поради мрзеливост?“
„Што?“
Јас и мојот пријател раскажувавме политички вицови цела вечер, а потоа заспав. Мојот пријател, меѓутоа, не беше мрзелив, па отиде во полиција и ме издаде. Така се најдов тука“.

Во 1937 година двајца советски судии се среќаваат пред судницата. Едниот гласно се смее.

„Здраво, другар! Зошто се смееш?“

„Не е важно, само што го слушнав најсмешниот виц!“

„Раскажи ми го!“

„Не можам. Човекот што ми го раскажа само што го осудив на десет години во Гулаг...“

Секако, луѓето продолжиле да раскажуваат вицови и по Сталин, кога времињата биле сменети и кога тоа повеќе не било опасно. На пример, постојат многу анегдоти за Брежњев кој со СССР владееше од 1964 до 1982 година. Всушност, ги има толку многу што за нив може да се напише посебна статија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња