Градската плажа во Сочи.
Б. Елин/SputnikВо Советскиот Сојуз луѓето не заминуваа на Малдивите или на Бали, но и тие умееја да уживаат. Во текот на врелите летни денови жителите на сите советски републики, како и денешните Руси, најрадо заминуваа на плажа.
Одморот на плажа можеше да биде „див” (во сопствена режија и поевтин) или организиран (во некоја бања или пансион, на база на аранжман од претпријатието или синдикатот). Со три оброци дневно и лекување. Како во бајка!
Најдобро беше да се „набави” аранжман за Балтичкото приморје. Одморалиштата во Јурмала (Летонија), Пјарну (Естонија) и Паланг (Литванија) се сметаа за најпрестижни дестинации, речиси како „странство”.
Пјарну, Естонија
Александар Чепрунов/SputnikИсто така беше ценет одморот на Црно море. Се сметаше дека најдобрите летувалишта во СССР се Крим, Сочи и Абхазија.
Јурмала
Јаков Берлинер/SputnikГлавното правило на советските граѓани на одмор беше: на плажа треба да се дојде рано наутро, инаку нема да најдете слободно место. Во Јалта, Алушта и Евпаторија (најпосетените летувалишта на Крим) плажите секогаш беа полни.
Јалта
Етингер/SputnikЛуѓето на плажа, освен сонце и море, очекуваа најразлични видови забава. Можеше да се одигра и партија уличен шаха, што во СССР беше омилена разонода.
Градската плажа во Сочи
Анатолиј Бочинин/MAMM/MDF/Russiainphoto.ruМладите, сепак, најмногу сакаа некоја поактивна забава, како што е одбојка на песок или пионербол (вид одбојка за ученици).
На свежиот воздух луѓето добиваа неверојатен апетит, така што пред киосците брзо се формираа редици. Многумина, сепак, со носеа храна од дома и на плажа уживаа во пикник.
А ако не сте успеале да отпатувате некаде, и дома ве очекуваше одлична забава. Московјаните, на пример, и денес со задоволство одат на плажа на Истринското вештачко езеро.
Истринското вештачко езеро, Подмосковје
Борис Приходко/SputnikВеќе во 60-те во Москва можевте дури и да скијате на вода!
Кљазминското вештачко езеро, Московска област
Давид Шоломович/SputnikА во Ленинград (Санкт Петербург) жителите на градот и денес сакаат да одмараат покрај ѕидините на Петропавловската тврдина на Нева. Најстарата плажа во градот е позната и како омилено место на „моржовите”, луѓето кои се капат дури и зиме на снег и мраз.
Плажата покрај Петропавловската тврдина на Нева
Б.Манушин/SputnikСоветските ученици летото го поминуваа или кај роднините на село или во пионерските кампови. Во советско доба најпрестижен камп беше „Артек” на Крим, отворен 1925 година (и ден-денес активен).
Артек
Лав Носов/SputnikУчениците немаа ни интернет ни телефони, но родителите без проблем ги оставаа на неколку недели под надзор на „пионерските предводници” (обично студенти на педагошките факултети) кои им ги исполнуваа деновите со различни активности.
На пример, дали знаете што е Денот на Нептун? Тоа е нешто како церемонија на посветување на морнарите, само у „детска“ верзија. Пионерите подготвуваа претстава, но во неа всушност можеа да учествуваат скоро сите: некој глумеше русалки и морски ѓаволи, некој правеше костими, а некој го пишуваше сценариото. Тоа беше заедничка активност преку која децата стекнуваа вистински пријатели, понекогаш и за цел живот.
Денот на Нептун, Артек
SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче