На Запад владее мислењето дека Советскиот Сојуз секогаш бил суров агресор. Но, многумина забораваат дека западните сили беа оние кои први го основаа воениот и политички сојуз НАТО во 1949 година. Советскиот одговор следуваше дури по шест години.
Американски и британски генерали на тркалезна маса, Велика Британија, 8 март 1949
Getty ImagesСоветскиот Сојуз не реагираше на појавата на НАТО сè до 1955 година кога Сојузна Република Германија (СРГ или Западна Германија) ѝ се приклучи на алијансата. Тоа беше директно кршење на Постдамскиот договор според кој Германија требаше да остане разоружена. Западна Германија на 9 мај официјално стана член на НАТО, а само пет ден подоцна, на 14 мај, социјалистичките земји го потпишаа Договорот за пријателство, соработка и заемна помош, познат како Варшавски пакт. Така беше родено „Советското НАТО“.
Делегациите на СССР, Албанија, Бугарија, Полска, Романија и на Кина. 14 мај 1955.
Getty ImagesНовата организација ја сочинуваа Советскиот Сојуз, Германската Демократска Република (ГДР или Источна Германија), Чехословачка, Бугарија, Романија, Полска, Унгарија и Албанија. Но, не постои сомнеж за тоа која земја беше воено највлијателна. Сите пет врховни команданти на единиците од оваа организација во текот на целата нејзина историја беа советски воени лица, почнувајќи од маршалот Иван Конев, кој својата слава ја имаше уште од Втората светска војна.
Советски и чехословачки војници на заедничките воени вежби Валтава '66.
SputnikПрвиот сериозен тест Варшавскиот пакт го доживеа само една година по основањето. 1956 година донесе големо антисоветско востание во Унгарија кое го поддржуваа западните тајни служби. На 1 ноември новата унгарска влада објави дека истапува од Варшавскиот пакт. Советското раководство одлучи да реагира брзо и да го згасне опасниот пожар во срцето на Европа.
Будимпешта, 14 ноември 1956.
Getty ImagesНикита Хрушчов итно се состана со сојузниците од Источна Европа и им ја соопшти својата одлука дека ќе интервенира. Во текот на следната седмица советските и унгарските единици, со поддршка на безбедносните сили на двете земји, го задушија целиот отпор во Будимпешта и ја вратија Унгарија во социјалистичкиот сојуз.
Советски тенкови во Будимпешта, 1956.
Getty ImagesВо 1961 година Варшавскиот пакт го претрпе првиот удар кога малечката Албанија му се спротивстави на моќниот Советски Сојуз. Многу незадоволен со десталинизацијата во СССР и со затоплувањето на односите помеѓу Советскиот Сојуз и Југославија, албанскиот водач Енвер Хоџа ја изрази својата приврзаност кон Кина, чии односи со СССР стануваа сè постудени. Разидувањето помеѓу Советскиот Сојуз и Албанија заврши со тоа што албанските единици дефакто престанаа да учествуваат во активностите на организацијата, почнувајќи од 1961 година. Седум години подоцна Албанија и официјално го напушти источниот блок.
Воени вежби на земјите учеснички во Варшавскиот пакт, 1969.
Владимир Мусаељан/TASSНајсериозниот предизвик со кој се има соочено Варшавскиот пакт беше таканаречената Прашка пролет од 1968 година, период на либерализација и на кардинални реформи во Чехословачка, што кај Советскиот Сојуз предизвика голема загриженост. За разлика од ситуацијата од 1956 година во Унгарија, овој пат Советскиот Сојуз реши да не дејствува самостојно, ами во интервенцијата да ги вклучи сите членови на организацијата.
Чешки студенти и советски војници. Прага 1968 година.
Getty ImagesНа 21 август 1968 година членовите на Варшавскиот пакт ја започнуваат операцијата Дунав. Нивните единици влегуваат во Чехословачка и за неколку недели ја задушуваат Прашката пролет. Најголем број од војската беше од СССР (170.000) и од Полска (40.000), додека ГДР испрати 15.00, Унгарија 12.500, а Бугарија само нешто повеќе од 2.000 војници. Николае Чаушеску отворено ја осуди интервенцијата, па романските единици не учествуваа во операцијата.
Советски тенк се пробива низ барикадите на улиците на Прага, август 1968 година.
Getty ImagesЧленовите на Варшавскиот пакт редовно одржуваа воени вежби, а најголеми беа Запад '81 со над 100.000 војници и Штит '82 во рамките на кои беа симулирани услови на нуклеарна војна.
Вежбата „Запад '81“
Николај Малишев/TASSПовеќе од 80 отсто од оружјето на Варшавскиот пакт беше советско: од тенкови до борбени авиони и средства за радиоелектронска борба. Чехословачка произведуваше и ги вооружуваше своите сојузници со оклопни возила.
Маневрите „Браќа по оружје '80“, Источна Германија
Getty ImagesТаканаречената „Северна група“ на Варшавскиот пакт (Источна Германија, Полска, Чехословачка) во непосредна близина на потенцијалниот непријател беше подобро опремена од „Јужната група“ (Романија, Унгарија, Бугарија).
Воената вежба „Штит '82“ во Бугарија
Дорофеј Гетманенко/SputnikСилата на тенковските единици на Варшавскиот пакт беше колосална: 53.000 советски и 12.000-15.000 тенкови во Источна Европа. Главните тенкови Т-54 и Т-55 ги наследија Т-64 и Т-72. Непосредно пред распуштањето на Варшавскиот пакт, членовите се вооружија со најновите тенклови Т-80.
Воени раководители на Варшавскиот пакт на вежбите „Запад '81“
Борис Прихотко/SputnikВо 1977 година беше основан Заеднички систем за собирање податоци за противникот (СОУД), со првостепена задача спречување „странски закани за време на Олимпијадата во Москва 1980“.
„Штит '84“
Дорофеј Гетманенко/SputnikВаршавскиот пакт беше официјално распуштен на 1 јули 1991 година
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче