Во Баренцовото море пронајден потонат советски брод

Global Look Press
Стручњаците го идентификуваа бродот кој пред три години беше пронајден на дното на Баренцовото море во близина на островот Киљдин. Тоа е БО-224, советски „голем ловец“ на подморници, потопен во март 1945 година.

„Неодамна нуркачите го подигнаа артилериското орудие од палубата на бродот кој се наоѓа на дното на морето. На историчарите им појде од рака според серискиот број на орудието да го утврдат типот и серискиот број на бродот“, го цитира ТВ-каналот „Вести“ командантот на Северната флота адмирал Николај Евменов.

За време на Втората светска војна бродот БО-224 од американско производство ги бранел морските патишта во северните мориња и учествувал во Петсамо-киркенешката офанзива. Бродот на 2 март 1945 година во Киљдинскиот теснец забележал германска подморница и ја нападнал со длабочински бомби. Подморницата успеала да го избегне тој напад и да истрела торпедо кое направило голема дупка на бродот. „Големиот ловец“ веднаш потонал. Животот го загубиле 33 члена на посадата, а меѓу нив и четири практиканти (БО-224 е користен и како вежбовен брод).

Северната флота сега ги бара роднините на членовите на посадата за со нивно учество им оддаде почит на загинатите морнари и да постави меморијална плоча на бродот, како што е направено со подморницата „Декабрист“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња