Зошто советските нуклеарни скривници биле најбезбедни на светот

Дмитриј Солодјанкин
Советскиот Сојуз потрошил голема сума пари за изградба и за опремување илјадници нуклеарни скривници. Во нив секогаш имало доволно храна, вода, чист воздух, па дури и оружје со мал калибар за борба со десантни единици на потенцијалниот непријател.

1. За време на Студената војна и во Америка и во Советскиот Сојуз луѓето биле уверени дека во кој било момент може да почнат да паѓаат атомски бомби, кои би ги уништиле нивните домови и градови. Затоа не е чудно и тоа што во обете земји имало еден куп нуклеарни скривници.

2. Додека во САД многу нуклеарни скривници во сопствените дворови ги правеле самостојни ентузијасти, во Советскиот Сојуз не постоеле индивидуални скривници. Сите советски нуклеарни скривници биле дизајнирани, изградени и опремени од страна на државата.

3. Поголемиот број нуклеарни скривници се градени во подрумите на зградите, а онаа најважната и најголемата се наоѓала во фабриките, научните градби и зградите на административните органи.

4. Тешко е да се каже колку нуклеарни скривници има во секој советски град. Статистички, град со средна големина од 200.000 жители имал 70-100 скривници. Москва и Ленинград (денешен Санкт Петербург) имале десет пати повеќе. Освен тоа, станиците во двата велеграда исто така биле изградени како совршени скривници.

5. Скривници со различни капацитети можеле да примат од 100 до речиси 1000 лица. Тешко е да се опишат како пространи објекти удобни за живот. Да избиеше војна, луѓето ќе беа принудени на живот во мошне тесни услови – со по неколку луѓе во еден кревет во бункер.

6. Но, дури и најскромните советски нуклеарни скривници беа опремени со напреден систем за ладење и со разновидни филтри кои даваат заштита од хемиско и од биолошко оружје, од радиоактивен прав и чад. Државата не штедеше на оваа прилично скапа опрема.

7. Резервите од храна и вода, како и ефикасното функционирање на филтрите биле предвидени да траат три дена. По тој период иницијалните негативни последници од нуклеарното бомбардирање би поминале, па луѓето би можеле да ги напуштат скривниците и да бидат евакуирани од зоната на опасност.

8. Секоја скривница имала резервоар со чиста вода и дизелектричен генератор, па дури и два вакви системи. Во некои понапредни скривници можеле да се најдат и фрижидери.

9. Во некои скривници имало дури и оружје со мал калибар за борба против десантните единици на потенцијалниот противник. Но, тоа не било генерална практика.

10. И покрај фактот што по Студената војна поголемиот дел од нуклеарните скривници се претворени во магацини, постојат и такви кои до денешен ден функционираат како бункери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња