Десетте најпознати Руси на сите времиња

Getty Images, Олег Булдаков/TASS, Archive
Сте слушнале за нив, дури и ако не сте израснале во Русија.

1. Владимир Путин

Ова е можеби и најпознатиот Русин. Неговото име одамна стана светски бренд. Ја сака природата и домашните миленичиња, мајстор е џудо и добро игра хокеј, порано бил разузнавач, а денес е најпознатиот претседател на Русија кој повлекува сериозни потези, мошне е самоуверен, има огромна моќ и харизма... Со еден збор суперстар на меѓународната политика.

Десетина пати се има најдено на насловната на списанието „Тајмс“ и со години доминира во насловите на највлијателните публикации. Неговата исклучително силна личност послужи како инспирација за многумина кантавтори, родители, модни креатори, производители на алкохолни пијалаци итн.

2. Михаил Горбачов

Овој човек стави точка на Советскиот Сојуз, а со тоа и на Студената војна. За волја на вистината „број еден“ од овој список за распадот на СССР рече дека тоа била „најголемата геополитичка катастрофа на столетието“, но Горбачов сè уште се смета за херој во некои делови на светот.

Тој ги повлече советските трупи од Авганистан, понуди план за чистење на Европа од нуклеарно оружје, се откажа од контролата над Источниот блок и одобри да се обединат Западна и Источна Германија.

Не е ни чудо што во 1990 година Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир поради исклучителниот придонес во завршувањето на Студената војна – конфликт кој половина век ја обликуваше меѓународната политика.

3. Александар Овечкин

Го нарекуваат Големата Осмица. Тој е можеби најпознатиот хокеар на светот. Како капетан го предводи тимот на „Вашингтон капиталс“ во НХЛ лигата. Овечкин е трипати прогласен за највреден играч на НХЛ. Тоа беше во 2008, 2009 и 2013 година.

Најголемиот успех го доживеа во 2018 година кога на 7 јуни со својот тим го освои купот Стенли, победувајќи ги „Вегас голден најтс“, со што предизвика виртуелна еуфорија во цела Амерка. Засега Овечкин е првиот и единствен руски хокеар кој како капитен го има доведено во НХЛ лигата својот тим до победа на купот Стенли.

4. Лев Толстој

Тој има пишувано за човечките чувства и за тежнеењето толку детално како што ниту еден писател пред него не се обидел. Неговиот опус е навистина импозантен. Толстој е можеби најпреведуваниот писател во историјата на руската литература. Многумина сметаат дека неговиот епски роман „Војна и мир“ е едно на најголемите и најпризнатите книжевни дела во историјата на човештвото.

Ова ремек-дело и понатаму инспирира многумина да го интерпретираат на свој начин. Најновиот обид во оваа смисла е серијата на телевизиската куќа Би-Би-Си. Но, Толстој повеќе ги ценел своите други дела. Има напишано мноштво книги и раскази кои можат да послужат како упатство за многу животни ситуации, актуелни и во нашето време. Поради тоа Толстој е еден од најпознатите Руси во целиот свет.

5. Петар Чајковски

Овој човек е најпознатиот руски композитор на класична музика. Неговите композиции според стилот отстапуваат од општоприфатените правила на западната класична музика, но Чајковски се прославил и надвор од границата на Руската империја, како во ЕВропа, така и во САД.

Дури и луѓе кои не се запознаени со класичната музика ги препознаваат неговите најпознати дела „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“ – исклучително популарен балет кој стана нераскинлив дел од Божиќ, исто како што е Дедо Мраз симбол на Новата година. Делата на Петар Чајковски се напишани пред повеќе од еден век, а ни и денес генерираат голем број современи балетски интерпретации

6. Маја Плисецкаја

Плисецкаја е интернационална балетска сензација која можела и да не се случи. Имено, оваа балерина со еврејска националност во времето на силно изразениот антисемитизам брзо ја освоила сцената на Бољшој театар, но ѝ била забранета првата голема меѓународна турнеја зашто советската власт се сомневала дека може да ја искористи можноста и да го напушти СССР. Морал да се вмеша лично Никита Хрушчов, тогашниот советски лидер. Тој гарантирал за Плисецкаја со својот указ со кој ѝ се дозволува да се приклучи на меѓународната турнеја.

Плисецкаја молскавично ги освоила меѓународните сцени со своите исклучително успешни настапи во Њујорк. Целат дека советскиот лидер по враќањето во земјата ѝ рекол: „Убаво од тебе што се врати. Не дозволи да излезам глупав. Не ме изневери“.

Неврзано за политиката, Плисецкаја и понатаму е вистински руски бренд и централна фигура во историјата на класичниот театар.

7. Јуриј Гагарин

На целиот свет му е позната фотографијата на убавиот младич во скафандер. Таа стана вечен симбол на пионерот во освојувањето на космосот и споменик на човечката инвентивност и храброст.

Гагарин е првиот човек кој стасал во космосот, и неговата слава веднаш се проширила како шумски пожар – станува познат во целиот свет. Кога се вратил на Земјата Гагарин тргнал на меѓународна турнеја како симбол на советското достигнување во освојувањето на космосот. Пречекан е како херој во Велика Британија, Канада, Германија, Бразил, Јапонија, Египет и во други земји.

8. Роман Абрамович

Абрамович е еден од најпознатите бизнисмени на светот. Со секој свој потег тој станува сè попознат, без разлика дали го купува фудбалскиот клуб Челзи или преуредува три станбени згради во Москва во огромна вила, или кога во некое познато европско одморалиште доаѓа со својата суперјахта со базени и со систем за противракетна одбрана.

9. Александар Солженицин

Литературните дела „Архипелагот ГУЛАГ“ и „Еден ден на Иван Денисович“ веќе се вбројуваат во класиката на модерното време кои на писателот му имаат донесено меѓународно признание, како и звање почесен доктор на Харвардскиот универзитет.

Сиот живот на Солженицин е полн со необични тешкотии, но овој човек на крајот стана симбол на својата епоха. Тој во 1970 година како еден од најважните руски писатели ја доби Нобеловата награда за литература. Беше загрижен критичар на советскиот политички систем и поради тоа не можеше да присуствува на церемонијата на доделувањето на наградата зашто се плашеше дека советската власт нема да му дозволи да се врати во земјата. Неговиот страв стана реалност кога во 1974 година му беше одземено советското државјанство, а писателот насила беше депортиран од Советскиот Сојуз во Западна Германија. Дури тогаш му беше врачена наградата која ја чекаше четири години.

10. Јосиф Сталин

Семоќниот и брутален владар на Советскиот Сојуз се прослави низ целиот свет како лидер на земјата која ја ослободи земјата од фашизмот и целосно го измени светскиот поредок, благодарение на што во целина беше изменет и начинот на живот во речиси секоја земја на планетава. Препознатливата фотографија на која се прикажани Сталин., Черчил и Рузвелт за време на конференцијата на Јалта ја симболизира улогата на Сталин во светските случувања во текот на Втората светска војна и по неа. Тоа беше улога на неспорен лидер и дома и во странство. Без оглед на тоа што неговата политика беше разорна за милиони луѓе, тој и понатаму е една од најконтроверзните личности во масовната свест на современото руско население. Едни го критикуваат поради репресиите, а други го фалат поради цврстата рака и победата во војната. Независно од припадност кон едните или кон другите, мнозинството луѓе во Русија и во странство сметаат дека улогата на Сталин во светската историја е голема.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња