Како еден морнарички офицер во 1975 година организираше уште една револуција во СССР?

Протоивподморничката фрегата Сторожевој. Капетанот од трета класа Валерија Саблин во 1975 година планираше да започне голема револуција која ќе ја затресе целата огромна земја.

Протоивподморничката фрегата Сторожевој. Капетанот од трета класа Валерија Саблин во 1975 година планираше да започне голема револуција која ќе ја затресе целата огромна земја.

Sputnik
Тешко е да се замисли, но навистина се има случено – во 1975 година во мирниот и спокоен период на таканеречениот застој во Советскиот Сојуз, еден морнарички капетан зазеде воен брод и се обиде да изврши државен удар. Оваа епизода го има инспирирано Том Кленси да го напише својот култен роман „Ловот на Црвениот октомври“.

На 9 ноември 1975 година Русија доживеа нов обид за револуција, односно нешто што немало повеќе од половина век. Капетанот од трета класа Валериј Саблин ја зазеде противподморничката фрегата на Балтичката флота и изјави дека советското раководство повеќе не се придржува на доктрините на Владимир Ленин, и дека на земјата ѝ се потребни радикални промени.

Бунтовничкиот воен брод го напушти пристаништето во Рига и заплови кон Ленинград, каде Саблин планираше да започне голема револуција која ќе ја затресе целата огромна земја.

Зошто го сторил тоа?

Морнаричкиот офицер од трета класа Валериј Саблин бил ученик на Леинградската висока военопоморска школа, каде предавачаите го фалеле, а врсниците го почитувале, истакнувајќи го неговото силно изразено чувство за правда.

Но, на Саблин не му импонирала кариерата на воен офицер кој слепо извршува наредби. Тој сакал да ги сфати и да ги анализира политичките процеси кои се одигруваат во неговата земја. Постоеле многу работи од кои бил длабоко револтиран. Саблин сфатил дека на земјата ѝ е потребна радикална трансформација.

Колегата на Саблин, офицерот Николај Черкашин има речено: „Тој секогаш размислуваше глобално. Тој се обидуваше длабоко да ги согледа општествените појави. Тој по природа беше политичар“. Валериј Саблин никогаш не се плашел да го каже она што го мисли. На пример, во 1962 година, кога имал само 23 години, му напишал писмо на Никита Хрушчов со молба „да ја ослободи Комунистичката партија од подлизурковци и од корумпирани елементи“. Целата негова кариера висела на конец, но Саблин имал среќа – добил само укор.

Сепак, овој скандал не претставувал пречка за да се запише на Лениновата военополитичка академија. Наместо да командува со воени бродови, Валериј Саблин решил да стане политички работник кој е одговорен за политичкото воспитување на војниците.

Во 1973 година капетанот е поставен за политички раководител на најновата противоподморничка фрегата од класата „Буревесник“. Фрегатата се нарекувала Сторожевој (Стражар) и во тоа време била најдобриот брод на советската Балтичка флота. Саблин направил план од овој воен брод да направи идеална платформа за размена на своите идеи со целата земја.

Ленинова револуција

За две години служење на Сторожевој Валериј низ разговори со посадата ги изнесувал своите мисли и барал истомисленици. Во ноември 1975 година, кога Советскиот Сојуз ја прославувал 58-годишнината од Револуцијата, Саблин помислил дека чукнал неговиот час и оти треба да дејствува.

На осми ноември го заробил и го изолирал капетанот на бродот, ги повикал офицерите и им одржал говор во кој изјавил дека советското раководство повеќе не се придржува кон идеалите на Ленин и дека земјата е длабоко западната во корупција и нестручност.

„Голема Русија треба да биде водечка држава во светот, а не гладна земја на чело со Брежев“, им рекол тој, додавајќи дека на земјата ѝ потребна нова револуција.

Офицерите кои одбиле да му се приклучат на Саблин биле уапсени и затворени заедно со капетанот. Потоа Саблин истиот овој говор им го одржал на морнарите.

„Дојде време да се избориме за правда. Нашата постапка е мал импулс кој ќе предизвика огромни промени“ рекол тој. (Владимир Шигин, „Бунтовниот Сторожевој. Последната парада на капетан Саблин“, 2013).

Морнарот Александар Шеин, кој му бил главен помошник на Саблин, подоцна просведочил: „Неговиот говор беше мошне инспиративен. Сè што разговаравме тајно меѓу себе одеднаш беше официјално и гласно објавено. Во секој од нас се разбуди достоинството“:

Набргу командата на Воената морнарица на СССР била информирана за заземањето на Саблин: да се гарантира интегритетот на фрегатата и на екипажот, да им се овозможи секојдневно изнесување на своето мислење преку телевизија и радио, да се водат преписки и да се организираат лични средби со други луѓе.

Протоивподморничката фрегата „Сторожевој“, 6 ноември 1975 година.

Бродот ја напушти Рига и заплови кон Ленинград со цел да се вкотви покрај крстосувачот „Аврора“, симболот на руската револуција.

Кога Леонид Брежњев дознал за овој настан, наредил да се уништи фрегатата. Доколку Саблин со својот брод запловел во територијалните води на Шведска, тогаш супертајната техника и оружјето можеле да стасаат во рацете на западните семји. Советското раководство не можело да си го дозволи тоа.

Крај на советскиот Дон Кихот

Девет бродови на Балтичката флота испловиле за да го пресретнат бродот на Саблин. Покрај тоа, над фрегатата се појавила ескадра бомбардери Јак-28. Бил доволен само еден напад за сè да се заврши.

Кога првата бомба ја погодила палубата, екипажот веднаш сфатил дека за неколку минути сите ќе бидат мртви. Морнарите го уапсиле Саблин, го ослободиле капетанот и другите заробеници и ѝ соопштиле на командата на воената морнарица дека бродот е под нивна контрола.

Александар Шеин е осуден да осум години затвор. Валериј Саблин во очекување на пресудата постојано цртал едно исто: Дон Кихот како се бори со ветерници. На трети август 1976 година Валериј Саблин е осуден за велепредавство и е погубен.

Акцијата на Саблин официјално е окарактеризирана како обид за бегство во Шведска. Том Кленси бил мошне инспириран од овој случај и врз негова основа го напишал делото „Ловот на Црвениот октомври“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња