Асхат Зиганшин, Филип Поплавски, Анатолиј Кручковски и Иван Федотов
Рудолф Кучеров/Sputnik„Околу 9 часот наутро бурата беше очајна, веќе трескаше и брановите ја носеа баржата кон карпите... Во седум часот ветерот се промени и струјата нѐ повлече кон отворено море. Три часа подоцна увидов дека ни снемува гориво. Одлучив да го насочам бродот на брегот. Тоа беше ризично, но немаше друг излез. Првиот обид беше неуспешен и брановите нѐ поведоа кон карпите... За малку ќе се судревме, но некако минавме меѓу нив, иако се направи пукнатина и водата почна да навлегува во машинскиот оддел. Зад карпите веќе можевме да го видиме песочниот брег и го насочив бродот во тој правец. Речиси стасавме до брегот – бродот го допре дното – но тогаш излезе дека немаме гориво, моторите застанаа и струјата нѐ одвлече во отворено море...“ Вака помладиот водник Асхат Зиганшин пред неколку години опиша како на 17 јануари 1960 година започнала нивната 49-дневна одисеа. Сетоа ова се случувало на Далечниот исток на Русија, кај еден од Курилските острови за време на истоварувањето на бродот.
Тие беа само четворица (Зиганшин и војниците Филип Поплавски, Анатолиј Кручковски и Иван Федотов) на малата десантна баржа Т-36 која пловеше носена од струите 1.500 милји. Немаа радиостаница, им се беше расипала. Успеале бргу да ги затворат дупките на бродот, но имале многу сериозен проблем: биле речиси без храна. Векна леб, малку грашок и просо, корпа компири и тегла маст. Имале и малку вода, но за технички намени – за ладење на моторот. Во неа имало малку ‘рѓа, но не била солена. Тоа било сѐ.
Набргу сфатиле дека се мали шансите дека некој наскоро ќе ги пронајде. Зиганшин нашол весник во кој пишувало дека водите во кои се наоѓаат се затворени за пловидба зашто тука требало да се одржи тестирање на некакви ракети. Така тие четворицата почнале да ги намалуваат порциите храна. Најпрво јаделе само еднаш дневно, секој имал по една шолја супа. Ја правеле од неколку компири и лажица маст. Трипати дневно пиеле по малку вода.
Но, до 23 февруари храната била потрошена. Се обиделе да уловат риба, но не успеале, зашто ги носела струјата, а и немало риба на тоа место. Виделе само ајкули долги по еден метар како поминуваат околу нив. Затоа тие ги свариле и ги изеле своите кожени чизми и ремени и кожените делови од хармониката. На крајот биле ужасно слаби и почнале да халуцинираат.
Но, најневеројатно било тоа што во толку страшни услови успеале да го одржат моралот. „Немаше паника, ниту депресија сѐ до крајот. Подоцна механичарот од 'Кралицата Мери' која нѐ донесе од САД во Европа, ми рече дека и тој се нашол во слична ситуација: по силна бура неговата радиостаница не работела две недели. Од 30 членови на екипажот половината умреле. Но, не од глад, ами од страв и од постојани кавги за храна и вода...“, раскажува Зиганшин. Такво нешто се нема случено на баржата Т-36. Тие поделиле сѐ што имале на еднакви делови и не се обидувале да добијат повеќе од другите.
Асхат Зиганшин и Филип Поплавски на американскиот носач на авиони „Кирсарж”.
SputnikДо 7 март им останала само половина шолја пресна вода, една кожена чизма и три чкорчиња... За среќа тогаш ги нашол американскиот носач на авиони „Кирсарж“. Советските моменти во првиот момент не сакале да ја напуштат баржата, но сакале Американците само да им дадат гориво и храна.
Но, потоа го смениле мислењето и преминале на американскиот брод. Откако јаделе, заспале и спиеле неколку дена. Кога се рабудиле, се исплашиле, зашто сфатиле дека го изгубиле бродот и дека се наоѓаат на американски брод. Стравувале дека ќе ги прогласат за дезертери кога ќе се вратат дома.
Хероите во Сан Франциско
Рудолф Кучеров/SputnikНо, не требало да се грижат. Наскоро еден од главните советски весници за нив објавил статија со наслов „Посилни од смртта“. Станаа херои и во СССР и во САД. Во Сан Франциско дури имаа и свечен пречек (градоначалникот симболично им ги даде клучевите од градот). Така ги пречекаа и во Њујорк, а потоа и дома, во Советскиот Сојуз.
Удовиченко
SputnikВо Москва ги прими министерот за одбрана и со нив одржа долг состанок на неколку места. Нивните лица беа на насловните страници на сите весници и списанија. За нив се испеани песни. Една од нив ја компонираше Владимир Висоцки.
Се појави и популарната песна „Зиганшин-буги“ во која ги има следниве стихови: „Зиганшин ја изеде својата втора чизма“. Снимен е и филм за нивната голгота.
Станаа вистински херои, а сето тоа траеше дури Гагарин не полета во космосот во април следната година. Славата на првиот човек во космосот го надмина страдањето на четворицата војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче