Хенри Кисинџер: Во критичните моменти Русија ја спасуваше светската рамнотежа

Legion Media
Името на 95-годишниот американски државен секретар и гуру на меѓународните односи Хенри Кисинџер редовно се појавува во врска со прашањата поврзани со Русија, како што беше случајот кога се пишуваше за неговиот наводен предлог за создавање сојуз помеѓу Москва и Вашингтон против Пекинг. Кисинџер е познат по својот пристап кон Русија кој често е прилично невообичаен. Ве запознаваме со неговите најважни мисли и изјави за иднината и сегашноста на Русија.

За подготвеноста на Русите да гладуваат за постигнување на целта

Русија ја има изградено елита која ги префрлувала кметовите на далечните полиња и царевите кои велеле: „Ова мочуриште ќе биде Одеса или Санкт Петербург“. Делумно ги одржува некој вид мистичен однос кон тешкотиите и визиите. Преживеале векови под Монголците.

Шведскиот крал Карло XII во Русија домарширал (на почетокот на 18 век) зашто верувал дека во Москва без тешкотии на власт ќе постави шведски владетел. Го дочекале руските селани кои ги палеле своите посеви за да немаат освојувачите што да јадат. Тие би гладувале само за да не дозволат некој да ја заземе нивната земја. Карло ја минал цела Европа, но такво нешто никогаш порано немал видено. Неговите единици биле принудени за да тргнат кон југ, во Украина, само за да преживеат, а таму конечно биле и поразени.

За Русија која го спасува светот

Русија во критичните моменти го спасувала светот од силите кои се обидувале да ја поразат: од Монголците во шеснаесеттиот век, од Шведска во осумнаесеттиот, од Наполеон во деветнаесеттиот, и од Хитлер во дваесеттиот век.

Русија во модерната доба ќе биде важна во совладувањето на радикалниот ислам, делумно зашто е дом на околу 20 милиони муслимани, особено на Кавказ и долж јужната граница на Русија. Русија исто така ќе биде фактор во рамнотежата на Азија. 

За Русија која се обидува да го пронајде своето место во светот

Околностите од Петар Велики до Владимир Путин се смениле, но ритамот е останат крајно доследен. ...(Русија е) единствената „евроазиска“ сила која се протега на двата континенти, но ниту на еден од нив не е сосема на домашен терен. (Ја има научено својата геополитика) преку тешки школски скалила каде номадските орди се бореле за ресурси на отворен терен со малку фиксни граници.

За Брежњев како претходник на Горбачов

На (советскиот водач Леонид) Брежњев во ретроспектива гледав како на некој вид претходник (архитект на перестројката на Михаил) Горбачов... Тој не сакаше судир. Беше речит кога зборуваше за тие нешта... Мислам дека навистина сакаше да ја ублажи затегнатоста со Соединетите Американски Држави. 

За жал, во времето кога бевме во позиција да продолжиме, во Соединетите Американски Држави беше започната расправа со која секој аспект на таканаречен детант стана контроверзен... Отсекогаш гледав на Брежњев како на некој кој навистина сака да го проучи ублажувањето на тензиите, делумнo и затоа што одржувањето на системот до тој момент требаше да стане очигледно. 

За Путин како лик од роман на Фјодор Достоевски 

(Путин) е лик од Достоевски, тој човек чувствува силна, внатрешна врска со руската историја, како што тој ја гледа. Притоа студениот калкулатор на рускиот народен интерес, како што тој го замислува, и во кој верува, веројатно точно, има некакви мошне уникатни обележја. Значи, за него прашањето на рускиот идентитет е од пресудна важност, зашто Русија поради пропаста на комунизмот има изгубено околу 300 години од својата историја, така што прашањето „Што е Русија?“ во неговата глава има големо значење. Тоа е проблем кој ние никогаш не сме го имале.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња