Честит Ден на трудот, другари! 15 советски постери со кои се слават мај, пролетта и радоста

Навистина нема подобро чувство од тоа кога сонцето се пробива низ облаците по долгата, исцрпувачка зима. Луѓето во Русија брзаат надвор за да уживаат во топлината на пролетната облека. 1 мај е навистина посебно време во земјата.

По долгата, остра зима, сонцето обично станува редовна појава во мај, а во текот на советската ера Денот на трудот на 1 мај беше една од најочекуваните прослави во годината.

Луѓето чекаа нетрпеливо за неколкуте празнични денови кога конечно можат да се облечат во лесна пролетна облека и да ги посетат своите дачи за да се сончаат или да прават скара.

„Се сеќавам дека секој 1 мај одевме на дачата и ги поминувавме празниците подготвувајќи ја куќата за летната сезона – ги проветрувавме собите по зимата, чистевме сѐ, вклучувајќи ги килимите и постелнината на креветите“, се сеќава Андреј од Москва.

Денот на трудот исто така се сметаше за еден вид замена за Велигден, празникот кој сите Руси го сакаа но не можеа да го слават јавно поради државната неправославна идеологија.

Многумина кои пораснаа во СССР признаваат дека прославите на 1 мај се едни од најсветлите спомени на нивното детство.

„Совршено се сеќавам како родителите ме носеа на собирите – беше многу забавно со сите оние луѓе кои маршираа пеејќи... Ништо заедничко со обичните политички митинзи“, изјави Олга од Москва за Russia Beyond.

Москва во мај, песна што советскиот народ ја обожаваше, беше химната на прославите и неофицијална химна на Москва. Почнува со зборовите „Утрото ги бои со нежно светло ѕидовите на стариот Крим. Целата советска земја се буди со зората“. Слушнете ја песната и погледнете ги архивските снимки од мајската прослава на Црвениот плоштад овде.

Според првиот советски лидер Владимит Ленин, „На 1 мај тие (работниците во светот) го слават нивното будење во светлината и знаењето, нивното здружување во еден братски сојуз за борба против сето угнетување, против сета тиранија, против сета експлоатација, за социјалистички систем на друштво“.  

„Изненадувачки, Нова Година не беше главната прослава за нас, тоа беше 1 мај... И најважното нешто во нашиот живот пред војната беше да се најдеш колку што е можно поблиску до Црвениот плоштад“,  советскиот режисер Ролан Биков се сеќава во книгата „Москва: Место за средба“.

„Еднаш, кога имав осум години, успеав да се качам на покривот на ГУМ. Но беше премногу рано и полицијата ни нареди да си одиме  така не ја видовме парадата“, пишува Ролан Биков.

„Мир. Труд. Мај“ беше еден од најпопуларните слогани на празникот.

На 1 мај никој не работеше, но пред празникот луѓето ги подготвуваа градовите за прославата и ангажираа „суботники“, доброволци за чистење во градовите, кои ги собираа паднатите лисја и ѓубрето.

Едно од најпопуларните нешта покрај парадите беше таканаречената маевка, односно пикник во шума, каде луѓето уживаа во пријатното време.

Погледнете повеќе: Стари советски фотографии сега во боја

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе
Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња