Пред 276 години: Ќерката на Петар Велики се прогласува за императорка

Global Look Press
Чашата се прелива кога двомесечно бебе е поставено на престолот.

Елисавета е најмалата ќерка на Петар Велики, па според правилата, мора да чека да седне на престолот додека им помине редот на внукот на нејзиниот татко - Петар II - и нејзината најстара сестра Ана.

Петар II умира само две години од своето владеење и кога Ана потоа одбива да седне на престолот, Елисавета најверојатно помислува дека има шанса. Но, Тајниот врховен совет објавува дека таа е вонбрачно дете и е нелегитимна. Како резултат на тоа, внуката на Петар Велики Ана Јоановна станува царица.

Елисавета е изолирана од политичкиот живот. Но, кога Ана Јоановна умира, нејзиниот двомесечен внук е ставен на престолот поради што многумина се вознемирени, бидејќи родителите на бебето (неговиот татко е Германец!) го имаат последниот збор за политичките работи. Руските благородници не се среќни.

Елисавета изгледа како единствен спас: прво, таа е Русинка, и второ, таа е ќерка на големиот лидер - таа, исто така, ветува дека ќе продолжи по стапките на татка си. Елисавета, со помош на гардијци од Преображенскиот полк, влегува во Зимскиот дворец и се прогласува за царица. Ова е веројатно најмалку крвавиот преврат во историјата на Русија. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња