Пред 225 години: Роден големиот руски математичар Николај Лобачевски

Архивска фотографија

Архивска фотографија

Неговата хиперболична геометрија ја поби теоријата за тридимензионалниот простор.

Учениците денес ја учат Евклидовата геометрија, благодарение на грчкиот математичар Евклид, роден околу 300 година п.н.е. Неговото главно дело е „Елементи“, во кое тој ги опишува петте основни постулати на геометријата, вклучувајќи го и ова: „Ако се дадени права l и точка A што не лежи на неа, тогаш низ А може да се повлече само една права, паралелна на l“. Овој постулат подлежи на сомневање од страна на многу математичари, кои повеќе од 2000 години трескаво размислуваат над него, сѐ додека тројца математичари (Карл Гаус, Јанош Бољај и Николај Лобачевски докажуваат, а Бернхард Риман го сумира нивното истражување) не докажат дека Евклидовата геометрија не е безгрешна.

Геометријата на Лобачевски го побива основниот постулат на Евклид. Тоа не значи дека во неговата геометрија паралелните линии можат да се пресекуваат, тоа едноставно значи дека не е можно да се нацрта паралелна линија низ надворешна точка.  Тоа ја наоѓа својата примена во рамките на теоријата за релативноста на Ајнштајн.

Лобачевски е често нарекуван „Коперник на геометријата“. Коперник ги промени верувањата на луѓето за Земјата, а Лобачевски ја промени догмата за животот во тридимензионалниот простор: живееме во крива на времето и просторот која подобро може да се опише со Невклидова геометрија.

Лобачевски е роден на 1 декември 1792 година во Нижни Новгород. Го минува поголемиот дел од животот во Казањ, каде што студира. Во 1827 година станува ректор на Казанскиот универзитет.

Гаус ги цени трудовите на Лобачевски затоа што тој исто така ја истражува теоријата на паралелните линии, но не ги објавува своите проучувања. Бољај ги добива истите резултати, но подоцна. Лобачевски умира непризнат во 1856 година. Светот му го дава тоа признание дури на 100-годишнината од неговата смрт: основана е Наградата „Лобачевски“, како и споменик на математичарот во Казањ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња