„Венера 2“
NASA/WikipediaСоветската автоматска меѓупланетарна станица „Венера 2“ беше лансирана од космодромот Бајконур на 12 ноември 1965 година.
Вселенското летало „Венера 2“ беше опремено со камери и научни направи. Во февруари 1966 година, се приближи до Венера на растојание од 24000 км и потоа се премести во геоцентричната орбита. За време на вселенското патување, „Венера 2“ испраќаше сигнали до Земјата 26 пати, но нејзиниот систем за контрола се расипа пред да се доближи до Венера и не успеа да ги прати податоците откако леташе покрај огромната планета.
Советскиот Сојуз испраќаше мисии на Венера од 1961 до 1984 година. „Венера 3“, лансиран на 16 ноември 1965 година, се урна на површината на Венера во март 1966 година, а исто така не успеа да ги пренесе податоците за планетата до Земјата. Една година подоцна, „Венера 4“ стана првиот вселенски брод кој ја мерел атмосферата на друга планета, додека „Венера 15“ и „Венера“ 16 беа првите вештачки сателити на Венера.
Новиот вселенски проект на Русија, „Венера-Д“, се подготвува да ја посети Венера во 2026 година. Што се надеваат научниците да најдат на најжешката планета во сончевиот систем?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче