Пред 43 години: Почина легендарниот советски телепат Волф Месинг

Заслужен уметник на РСФСР Волф Григорјевич Месинг (1899-1974)

Заслужен уметник на РСФСР Волф Григорјевич Месинг (1899-1974)

Лев Иванов/RIA Novosti
Неговиот живот беше исполнет со контроверзи и митови, инспирирајќи многу луѓе да патуваат и да ги откриваат неговите тајни преку филм и истражувања.

Волф Месинг е роден во еврејско семејство 1899 година недалеку од Варшава, која во тоа време беше дел од Руската империја. Умира на 8 ноември 1974 година.

Во младоста Месинг настапува во циркус како илузионист и телепат. Неговото семејство гине во германски концлогори и гета, но тој успева да избега во Советскиот Сојуз кога почнува Втората светска војна.

Месинг им зборувал на луѓето дека е способен да ги чита нивните мисли со набљудување на суптилното движење на нивните мускули на лицето.

Има десетици митови за личноста на Месинг. Тој тврдеше дека ги прочитал умовите на Алберт Ајнштајн и Сигмунд Фројд и предвиде дека Адолф Хитлер ќе биде убиен ако нацистите се упатат на исток - поттикнувајќи ги на тој начин Германците да нудат награда за неговата глава.

Тој, исто така, има изјавено дека тајно се сретнал со Јосиф Сталин неколку пати, па дури и му помогнал да усогласи некои планови. Исто така, имаше и гласини дека телепатската способност на Месинг била користена од страна на полицијата за време на истраги. Но, нема цврсти докази што ги докажуваат овие тврдења.

Постојат бројни филмови посветени на Месинг. Еден од најпопуларните - „Јас сум Волф Месинг“ (2009) - се базира на неговите мемоари (кои можат да бидат лажни).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња