Пред 112 години: Пуштена во работа Циркумбајкалската железница

Туристички воз на Циркумбајкалската железница

Туристички воз на Циркумбајкалската железница

Кирил Буртасовски
Ова е историска железница во Сибир.

Циркумбајкалската железница е исклучително живописна линија по должината на Северниот дел на Бајкалското езеро во Иркутската област. Првото истражување на можната линија од Иркутск до Бајкалското езеро е спроведено во 1894 година, но изградбата на Циркумбајкалската железница почнува дури на крајот на 1899. На 26 октомври линијата е пуштена во постојана работа.

Сѐ до 1949 година таа е дел од Транссибирската железница, но по изградбата на втората пруга во средината на 20 век, почнува да служи во основа како туристичка рута.

Во моментов 89-километарската железница функционира од населбата Бајкал до градот Сљудјанка.

Циркумбајкалската железница нуди еднодневни тури кои се пријатни и релаксирачки начин да се помине времето на Бајкалот и да се ужива во неговата прекрасна природа и неверојатните пејзажи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња