Зградата на филијалата на Државниот академски мал театар во Москва
Константин Кокошкин/Global Look PressМалиот театар се наоѓа во близина на Бољшој (Големиот) театар во Москва и е отворен официјално на 26 октомври 1824 година. Тој има уште подолга историја која датира уште од првата универзитетска театарска трупа во Москва, создадена 1756 година. Токму од театарската трупа потекнува Бољшој Петровски театар, кој првпат на руски ја изведува Свадбата на Фигаро во 1787 година.
На почетокот на XIX век во Москва е основана Дирекцијата за Царски театри, во која влегуваат поранешни актери од Петровскиот театар. Во 1824 година домот на трговецот Василиј Варгин на плоштадот „Петровскаја“ (денес – „Театраљнаја“) е обновен и во него е сместен Малиот театар. Првата изведба одиграна таму е на 26 октомври – тоа е новата увертира на Алексеј Верстовски.
Денес Малиот театар изведува класични драми, вклучително на Денис Фонвизин, Михаил Булгаков и Александар Островски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче