Пред 277 години: Основан градот Петропавловск-Камчатски

Поглед на Петропавловск-Камчатски додека во позадината се гледа активниот вулкан Корјакски.

Поглед на Петропавловск-Камчатски додека во позадината се гледа активниот вулкан Корјакски.

Јуриј Смитјук/TASS
Тоа е една од најстарите населби на рускиот Далечен Исток.

Петропавловск-Камчатски (7402 километри источно од Москва) е основан на 17 октомври 1740 година од Витус Беринг, руски капетан, по кого е наречен познатиот мореуз што ги одвојува Русија и Алјаска. Градот е главен град на Камчатскиот крај, познат по своите ридови и бројните вулкани. Градот сега е база за руската Тихоокеанска флота.

Во советско време, во 15 часот по московско време, државното радио го најавуваше точното време и спикерот ќе кажеше: „Зборува Москва. Точно е 15 часот во главниот град, 16 часот во Ашкабат... во Јужно-Сахалинск - 23 часот, во Петропавловск-Камчатски е полноќ“. Фразата „Полноќ е во Петропавловск-Камчатски“ стана популарен израз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња