Пред 129 години: Отворена првата заложувалница во Русија

Проверка на накит во заложувалница

Проверка на накит во заложувалница

Legion Media
Локален трговец од Вологда издвојува средства за нејзиниот номинален капитал.

Првата руска заложувалница е отворена во Вологда на иницијатива на трговецот и прв човек на локалната Дума Кристофор Леденцов на 15 октомври 1888 година. На почетокот градот нема доволно пари за номинален капитал на заложувалницата. Тогаш Леденцов ја одбива својата плата како прв човек на градската Дума и ги наменува тие пари за заложувалница.

Првата заложувалница работи од 10-20 часот, освен во недела и на празници. Кредитната стапка изнесува 1 процент месечно. Заложувалницата најмногу дава мали кредити од 2-5 рубли на локалните селани. Секој ден заложувалницата ја посетуваат 250-300 луѓе.

Заложувалницата во Вологда е затворена во 1919 година по национализацијата на сите банки и финансискиот систем на земјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња