Кадар од филмот „Жеравите летаат“
kinopoisk.ruСоветскиот филм „Жеравите летаат“ (Летят журавли), прикажан на 12 октомври 1957 година, ја раскажува приказната за двајца младинци, Вероника и Борис, кои се заљубуваат пред избувнувањето на војната. И покрај длабоката љубов кон Вероника, Борис се пријавува како доброволец на фронтот од каде не се враќа. Но, дури и покрај тоа што Борис исчезнува, Вероника се надева дека ќе слушне нешто за него и покрај трагичните околности кои ја туркаат во рацете на роднината на нејзиниот љубовник кој има свои намери спрема неа. Судбината на Вероника, која ја игра Татјана Самојлова, стана симболот на тешкотиите кои советските жени мораа да ги поминат во текот на војната и допре до срцата на милиони гледачи во Советскиот Сојуз и надвор од него.
Филмот ја освои „Златната палма“ во 1958 година на Канскиот филмски фестивал.
„Жеравите летаат“ е преведен и на македонски јазик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче