Портрет на кнегињата Е.Р. Дашкова. Непознат уметник, 1790-ти години.
WikipediaНа 11 октомври 1783 година, руската царица Екатерина Велика наредува да се основа Руска академија – идниот истражувачки центар за руски јазик и литература. Прв раководител на Руската академија е кнегињата Екатерина Дашкова, која организира јавни предавања, издава литературни списанија и го објавува првиот Руски толковен речник (1789-1794). Првото издание на речникот содржи 43257 зборови.
Дашкова исто така ја предлага употребата на буквата „ё“ (1783) место стариот диграф „ио“.
Во 1841 година, Императорската руска академија станува дел од Академијата на науки на Санкт Петербург (претходник на денешната Руска академија на науки).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.