Русија го празнува Денот на учителите

Владимир Шуба/TASS
Празникот се чествува од 1965 – пред да биде прогласен Светскиот ден на учителите.

Има три дена во годината кога руските учители ја користат секоја кофа, бокал и други импровизирани вазни за да ги чуваат цвеќињата што им ги подаруваат учениците: почетокот на учебната година на 1 септември, „Последното ѕвонче“ на 25 мај и Денот на учителите на 5 октомври.

На овој ден учениците обично одржуваат концерт во знак на благодарност за нивните учители. Обединетите Нации го одбележуваат Меѓународниот ден на учителите од 1994 година, додека Советскиот Сојуз почна да го слави овој празник многу пред тоа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња