Пред 101 година: Основан градот Мурманск

Сергеј Ешенко/RIA Novosti
Најголемиот руски град северно од Арктичкиот Круг порано имал друго име.

Основан една година пред болшевичката револуција на 4 октомври 1916, Мурманск првично беше наречен Романов на Мурман и всушност беше последниот град основан во Руската империја.

Во текот на Втората светска војна, нацистичките авиони безмилосно го бомбардираа Мурманск, но градот издржа.

Денес во градот живеат повеќе од 300000 луѓе. Руската Северна флота е базирана во градот Североморск во Мурманската област. Поларната ноќ овде трае 40 дена, а поларниот ден - 63 дена!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња