Капитализмот за комунистите: како СССР продрел во американската индустрија за оружје

Полет на B-17E во 1942 година

Полет на B-17E во 1942 година

ВВС на САД
На залезот од крвавата граѓанска војна во 1922 година советска Русија се најде буквално во урнатини, а армијата беше опустошена.

Воената индустрија на царска Русија не е меѓу најразвиените на континентот: билансот од Првата светска војна покажува дека таа може да создаде борбен брод или да ги вооружи со пушка сите војници во мирно време, но со тоа се исцрпува нејзиниот капацитет. Но, дури и од овој скромен потенцијал, Советскиот сојуз наследува само еден дел.

Европска Русија се наоѓа во урнатини. Армијата за време на Граѓанската војна, иако е побројна, според нивото на вооружување е на исто ниво со соседните земји, кои во никој случај не се меѓу првенците во воените сили. 

Во оваа непристојна ситуација има само еден излез: да се обнови воената индустрија на земјата која заостанува сериозно зад Западот во технолошки и проектен план. Додека црвените и белите се борат во Русија, Европејците го развиваат искуството стекнато од Првата светска војна: тие создаваат нова ера на воената и техничка моќ. Но, никој не брза да го сподели ова ноухау со болшевиците. 

Кон крајот на дваесеттите години од минатиот век советската економија е доволно обновена за да ѝ овозможи владата да одвои средства за набавка на воена опрема од странство. Европа и САД во 1929 година потонуваат во Големата депресија, а златото на Русија станува особено корисно за нив.

Мрачни зделки и заткулисни игри 

Советскиот Сојуз првично нема дипломатски односи со многу западни земји, па затоа е потребно да се отворат приватни компании за трговија со нив. Од 1920 година АКРОС работи во Англија. Во САД трговска дејност од името на советското влада води фирмата „Амторг“ врз која паѓаат сите прашања поврзани со техничката соработка меѓу СССР и САД - од барањето и селекцијата на воена опрема до организирање патувања на советски инженери во американските фабрики.

Пред сè, на земјата ѝ треба американска авијатичка технологија. Во 1922 година Русите се здобиваат со мотор на авионот „Либерти“ (Liberty), познат по својата сигурност и квалитет на конструкцијата. Донесена е одлука тој да се копира и да се почне негово масовно производство во фабрика во Москва, но еден прототип не е доволен. Исто така има и многу техничка документација, резервни делови и други вредни атрибути. Задачата да се најде сето ова му е доделена на Амторг. За таа цел беше одвоена огромна сума пари – околу 1.5 милиони долари.

Првиот двигател „Либерти“ V12

Сепак, советските дипломати се соочуваат со различни проблеми. Друштвото со советско учество првично е третирано со недоверба и сомневање и е одбиено за купување на големи серии опрема. Затоа „Амторг“ треба брзо да совлада некои непознати капиталистички трикови, вклучувајќи создавање на фирми - ефемерност. Првата група мотори на Либерти била стекната преку канцеларијата на Зутински. Сепак неколку години подоцна се воспоставени директни деловни контакти и сличните заткулисни игри стануваат излишни. 

Искористете ја Големата депресија 

Тони роба влегуваат во СССР преку „Амторг“, транспортирани од посебна шпедитерска служба, основана од Народниот комесаријат за надворешна трговија. Во 1925 година компанијата купува авионски делови во вредност од 400.000 американски долари, придружени од контејнери полни со книги, скици, албуми и брошури од американските фабрики. 

Во 1929 година по линија на „Амторг“ во САД пристигнува офицер од советските воздухопловни сили, чија задача е да се истражуваат објектите за производство на падобрани. За падобрани во СССР никој дотогаш не слушнал. На советскиот гостин не само што му покажуваат како се направени, туку и му нудат пробен скок. Тој е толку инспириран од искуството што се враќа дома и активно се справува со пропаганда на десантништвото, па дури и го создава првиот падобрански одред во Русија. 

Американците првично не сакаат да разговараат за продажба на цели авиони на Русите, но економската криза од 1929 година ги принудува да отстапат. Во 1934 година советски делегации почнуваат да пристигнуваат во САД и да купуваат интересни примероци опрема. Предводени се од познатиот авиоконструктор Андреј Туполев, таткото на прославениот „Ту“, како и Михаил Груевич - творец на ловците „МиГ“. Само две години подоцна Русите купуваат и летаат кон дома на транспортниот авион DC-3, примероци на хидроплан и авион-амфибија, како и еден штурмовик. Во советски раце за малку не паѓа и бисерот на американската воздухопловна индустрија - бомбардерот B-17 „Летачката тврдина“ (Flying Fortress) употребен против Германија и Јапонија во Втората светска војна. За разлика од тенковите, ниту еден од овие примероци не влегол во сериско производство. Сепак, некои од нивните елементи беа воведени во производството на познати советски воени авиони.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња