Пред 368 години: Донесен првиот правен кодекс на Романови

"Соборное уложение"

"Соборное уложение"

shakko/Wikipedia
„Соборное Уложение“ го замени правниот кодекс на Иван Грозни и важеше сѐ до 19 век.

Првиот руски правен кодекс е потпишан за време на Стоглавиот Синод, собрание на црковните и граѓанските совети, организиран од Иван Грозни во 1550 г. Основното барање на организаторите на Московското востание од 1648 г. е да се ревидираат старите закони. До 1649 г. има над 400 нови наредби, затоа е повеќе од јасно дека многу од законите се или застарени или во контрадикција едни на други.

Освен тоа, по Сматното време и крајот на старата царска династија, Романови се оние кои го добиваат престолот во 1613 г. и сакаат да создадат свој сопствен законик.

Специјална комисија го составува новиот законик, и првпат се обидуваат да ги класифицираат законите и да се запази процедуралното право. Тогаш Земскиот собор (парламентот) дискутира, уредува и го потпишува новиот закон на 3 октомври 1649 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња