Вечер посветена на поетесата Бела Ахмадулина по повод нејзиниот 75 роденден во Централниот дом на писателите. На фотографијата: театарскиот режисер Јуриј Љубимов. 11 април 2012, Москва, Русија
Правда комсомолскаја/Global Look PressЈуриј Љубимов, роден на 30 септември 1917, беше театарски режисер од извонредна важност за Русија. Го презема московскиот Драмски театар „Таганка“ во 1964 и со своите актери повторно го создава рускиот авангарден театар од 1920-те години.
Серија скандали го потресува Љубимов на почетокот на 1980-те – првин неколку негови драми се забранети, а потоа тој ја критикува советската влада. Како резултат на тоа, одземено му е советското државјанство. Во 1988 на Љубимов му е дозволено да се врати во Советскиот Сојуз, каде тој продолжува да режира драми во театарот „Таганка“.
Јуриј Љубимов останува директор на театарот сѐ до конфликтот што настана меѓу него и трупата во 2011, по што тој заминува од театарот. Продолжува да режира во театарот „Вахтангов“ и театарот „Бољшој“.
Почина на 5 октомври 2014 година во Москва, неколку дена по неговиот 97 роденден.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче