Пред 110 години: Пуштен во работа трамвајскиот сообраќај во Санкт Петербург

Свечено пуштање во работа на трамвајска линија во Санкт Петербург -
 фотографија на Карл Була - околу 1906 година

Свечено пуштање во работа на трамвајска линија во Санкт Петербург - фотографија на Карл Була - околу 1906 година

Global Look Press
Новото возило ги замени коњските трамваи

Првиот трамвај во Санкт Петербург (тогашна престолнина на Русија) беше пуштен во работа на 29 септември 1907 година. Трамвајот го замени стариот коњски трамвај (коњка).

Во 1908 година имаше 9 трамвајски линии во градот. Наскоро трамвајот стана главниот јавен транспорт во Санкт Петербург. До 1917 вкупната должина на трамвајските линии во градот изнесува околу 200 км со 710 трамваи. На крајот на 1980, трамвајската мрежа на Санкт Петербург влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема на светот. Денес првото место го зазема градот Мелбурн во Австралија.

Во моментов во Санкт Петербург функционираат 39 трамвајски линии со 280 км трамвајски шини, со што градот се наоѓа на 4 место во светот според должината на трамвајската мрежа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња