На денешен ден: Пред 253 години се појавуваат првите камени патни знаци во Русија

Патен знак

Патен знак

Екатерина Борисова / Wikipedia
Истите беа произведени во работилниците во Соборниот храм „Св. Исак“

Во средината на XVII век, на патот од Москва до летната резиденција на царот Алексеј Михајлович во Коломенское, беа подигнати дрвени знаци за обележување на растојанието до крајната точка. Првите знаци по патиштата на Санкт Петербург беа исто така дрвени.

На 22 септември 1794 комисијата за камена градба на Санкт Петербург и Москва одлучи да ги подобри главните влезови во престолнината и да ги замени дрвените знаци со камени. Тие беа патни маркери во вид на обелиск направени од гранит или мермер.

Една руска врста е 1,0668 километри, и првиот таков столб што означуваше врста се појави во Санкт Петербург 1774 година на брегот на реката Фонтанка во близина на Триумфалната порта. Првиот пат на кој беа поставени камените столбови беше патот од Москва до Коломна. Истата година се појавија и по патот од Санкт Петербург до Царско село.

Последните камени знаци беа поставени на границата на Екатеринскиот парк во близина на Орловската капија. Столбовите кои означуваа врсти беа направени во работилниците на Соборниот храм „Св. Исак“. Првиот и последниот столб беа и сончеви часовници. Зачуваните столбови беа реновирани од 1970 до1990 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.