Единство
Moskva AgencyОд 2010, секоја година се слави Светскиот ден на руското единство се слави на 21 септември. Иако е неофицијален празник, идејата е да се покаже поддршката за руската дијаспора во 24 земји. Иницијативата потекна од киргиското Руско здружение на сонародници. Меѓу земјите кои ја потпишаа поддршката за овој датум се: Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Естонија, Грција, Грузија, Данска, Израел, Ирска, Италија, Кипар, Литванија, Малта, Молдавија, Полска, Португалија, Русија, САД, Словачка, Турција, Финска, Чешка, Швајцарија и Шведска.
Главните цели се зачувување на културното наследство на Русија и популаризација на рускиот јазик и литература.
21 септември, исто така, означува неколку важни датуми за сите Руси: 1) почетокот на владеењето на Рјурик во 862, кога е основана руската држава; 2) основањето на Велики Новгород во 859; и 3) Победата на Русија во битката на Куликовско поле во 1380 година.
Светскиот Ден на руското единство има свој симбол - брезата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче