Споменикот „Милениум на Русија“
Legion MediaНа 20 септември 1862 година во Велики Новгород, во присуство на царот Александар II и неговото семејство, беше откриен споменикот „Милениум на Русија“. Тоа е првиот споменик посветен на руската држава.
Споменикот отсликува моменти од руската историја: владеењето на Рјурик (862), покрстувањето на Русија (988), битката кај Куликово поле (1380), почетокот на династијата Романови (1913), основањето на Руската империја (1721) и други настани.
По револуцијата од 1917 година, обележјето се сметаше за споменик на монархијата, па затоа беше покриено со иверка. Во август 1941 година, Новгород беше окупиран од нацистите, а еден од генералите нареди да се тргне споменикот и да се однесе во Германија. Меѓутоа, тие не успеаја да го направат тоа, и во 1943 година советската армија го ослободи градот. Споменикот беше обновен и откриен повторно во ноември 1944 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче