На денешен ден: Пред 83 години Советскиот Сојуз се придружи на Лигата на народите

Совет на Лигата на народите во Женева

Совет на Лигата на народите во Женева

Лен Путнам/AP
Организацијата беше претходник на ООН.

Лигата на народите беше меѓународна организација основана 1919-1920 година за зачувување на поредокот во светот. Официјални јазици беа француски, англиски и шпански.

Вкупно 63 земји беа членки на Лигата на народите од 1920 до 1946 година. Меѓутоа, САД не беа членка. Германија, Италија и Јапонија беа исклучени од Лигата поради нивното непридржување кон Версајскиот мировен договор.

На 15 септември 1934 година, по иницијатива на Франција, 30 земји-членки му предложија на СССР да ѝ се приклучи на Лигата. На 18 септември 1934 година, Советскиот Сојуз ја прифати понудата и се приклучи како постојана членка на Советот. Дури и пред ова, земјата тесно соработуваше со разни комитети на Лигата на нациите во однос на голем број меѓународни прашања.

Сепак, на 14 декември 1939 година СССР беше исклучен од Лигата на народите поради дејствија „против финската држава“. Советскиот Сојуз одговори на исклучувањето со изјава во новинската агенција ТАСС на 16 декември, според која само 7 од 15 членки на Советот гласале за таквата одлука, а три од нив беа избрани претходниот ден. Преостанатите осум членки беа воздржани (вклучувајќи ја и Финска) или беа отсутни. На тој начин, Лигата на народите ги прекрши одредбите на својата Повелба.

Лигата на народите не успеа да ја спречи инвазијата на Јапонија врз Манџурија и анексијата на Етиопија од страна на Италија во 1936 година, како и Аншлусот на Австрија од страна на Хитлер во 1938 година. Лигата ги прекин своите активности во 1940 година и официјално беше укината на 20 април 1946 година. Нејзините активи и пасиви беа префлени на ООН.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња