На денешен ден: Пред 95 години во Москва се одржа првиот радио концерт

Селани го прегледуваат првиот радио приемник во колхозот.

Селани го прегледуваат првиот радио приемник во колхозот.

Архива/TASS
Тоа беше почетокот на емитувањето на Радио Москва

Летото 1922 година, во Москва беше завршен развојот на советски радио предавател. Експериментални емитување преку овој предавател се одржа на 27 и 29 мај и можеше да се слушне во Москва, Вологда, Саратов, Самара и други градови. Во Москва, радио емитувањето беше пренесувано преку градската централна телефонска станица за станбени објекти и Кремљ.

На 17 септември во 15 часот се одржа првиот радио концерт директно од Централната радио станица на улицата „Шаболовка“. На овој ден, Советите првпат ги слушнаа познатите зборови: „Слушајте! Зборува Москва!“ (Слушайте! Говорит Москва!).

Првиот концерт во постреволуционерна Русија беше проследен со танци од театарот Бољшој  и познати пејачи од тоа време. Овој датум, исто така, го означи почетокот на националното музичко радио емитување.

Првиот радио концертот го слушнаа жители на 60 градови, и на можноста да се слушне музика и говор во живо на стотици километри оддалеченост се гледаше како на чудо. Ентузијасти почнаа да прават свои радио приемници и минуваа часови за да го фатат радио сигналот.

Од август 1924 година емитувањето се вршеше редовно според строг распоред, кој претходно беше објавуван во весниците.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња