На денешен ден: Пред 55 години почна Карипската криза

Никита Хрушчов и Џон Кенеди.

Никита Хрушчов и Џон Кенеди.

Wikipedia.org
Пред 55 години, на 9 септември 1962 година, на Куба се префрлени советски балистички ракети. Тоа беше вовед во таканаречената Карипска (Октомвриска) криза, која првпат го доведе човештвото на работ на нуклеарна војна.

Карипската криза, поточно, нејзината акутна и решавачка фаза, траеше 13 дана, почнувајќи од 22 октомври 1962 година, кога во американските политички кругови е речиси договорен ракетен напад врз Кува, каде таму веќе се наоѓаше импозантен советски воен контингент.

Министерството за одбрана на Русија вчера ги објави официјалните загуби на Советскиот Сојуз во текот на Карипската криза. Се работи за список од 64 имиња на советски граѓани кои загинаа на Куба од 1 август 1962 до 16 август 1964 година.

На нашиот сајт во најскоро време ве очекува статија за единствената советска воена операција „Анадир“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња