Пред 319 години Петар I воведе данок на брада

Кон крајот на XVII век руските болјари сѐ уште носеа долги бради.

Кон крајот на XVII век руските болјари сѐ уште носеа долги бради.

Pixabay
Царот ја натера руската аристократија да ја следи европската мода.

Петар Велики беше еден од најенергичните и најактивни владетели на Русија. Научи различни занаети, стекна многу вештини. Учеше од инженери, архитекти, бродоградители. Петар особено учестуваше во работата на Амбасадата на Русија во Европа (1697 - 1698), со желба не само да го зајакне сојузот со одредени земји, туку и да го проучува  европскиот живот.

Една од таквите реформи беше комплетното бричење на брадите. Кон  Кон крајот на XVII век руските болјари сѐ уште носеа долги бради и долги капути - кафтани. А царот ги потстрижуваше нивните бради и ја уништуваше несмасна облека.

Сепак, бричењето не беше премногу популарно во Руското царство, па затоа на 5 септември 1698 година Петар воведе данок на носење брада. За да може да го контролира, царот издаде посебни метални жетони како некој вид потврда за плаќање на данокот.

Од 1705 година сите Руси – освен свештените лица и селаните – мораа да ги бричат брадите и мустаќите. Данокот на брада зависеше од сталежот: од 30 рубли за кочијашите, до 600 рубли за службените лица. Иако данокот не се однесуваше на селаните, и тие беа должни да платат 1 копејка секој пат кога ќе доаѓаа в град.

Петар I во европска облека. Ставрополски музеј на ликовните уметности

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња