На денешен ден почна Сталинградската битка

DPA/Global Look Press
Летото 1942 година германската војска почна офанзива кон Сталинград.

 DPA/Global Look Press DPA/Global Look Press

Летото 1942 година германската војска почна офанзива кон Сталинград. Граѓаните на Сталинград така стануваат директно инволвирани во војната и почнува нивната евакуација. За жал, напредувањето на Вермахтот е пребрзо.

Со оглед на тоа дека градот го носеше името на Сталин, за советските сили беше многу важно да ја задржат контролата над градот, првенствено за да се одржи моралот на војската и народот. Цели 6 месеци, од 17 јули до 2 февруари, Германците и Црвената армија се бореа за контрола над градот.

Германците кај Сталинград се обидоа да ги опколат и уништат силите на Црвената армија во Јужна Русија. Неуспехот во Сталинградската операција претставуваше дефинитивен крај на Хитлеровите соништа со создавање глобална империја.

Покрај силите на Вермахтот, во офанзивата на Сталинград учествуваа и нацистички армии на сојузничките земји: Романија, Италија, Унгарија и доброволечка легија од Независна Држава Хрватска. Преку 2 милиони луѓе загинаа на двете страни во седуммесечните борби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња