Почнувајќи од 1727 година, секоја година во Кјахта се собирале руските и кинеските трговци на санки, кочии, тројки и во носилки. Тие поминувале големи растојанија за да склучат договори за трговија со чај. Во тоа време, Кјахта го нарекувале „сибирски Хамбург“ и „пустинска Венеција“. Тука се вртеле големите пари.
Кјахта, 1783, Луј Никола де Леспинас
Public domainРуските трговци од специјалниот комитет работеле на развојот на условите за размена, се договарале со своите кинески колеги за цените за тековната сезона, а во исто време разгледувале туѓи и нуделе свои стоки. Благодарение на инсајдерски информации, тие можеле да го менуваат времето на испорака на своите производи со цел дополнително да се збогатат.
Стоката што ја продавале, односно ја менувале за чај, била доставувана од сите провинции преку Сибирскиот магистрален пат, кој се нарекувал „Големиот пат на чајот“. Водел од Москва до Кјахта. Оттаму, трговците со чај ги пресекувале степите во внатрешноста на Монголија и пристигнувале во Калган (сега Џангжаку), голема испостава на Кинескиот ѕид што служела како „порта“ на влезот во Кина.
Според указот на императорот Павел I „За кјахтинската тарифа“ од март 1800 година, сите плаќања се вршеле со размена. Стоката произведена во Русија трговците ја менувале за кинески чаеви сé до 1855 година, кога владата конечно дозволила плаќање во готовина. Се тргувало со текстил и кожа, жито, козја кожа, сафијан, јухта, рогови на антилопата сајга и манџуриски вапити. Инаку, кај Кинезите било популарно и високо ценето крзното на крзнените животни: лисица, видра, воден крт, хермелин, арктичка лисица, рис, па дури и мачки.
Мапа од 1851 година, патот од Иркутск до Пекинг. На границата на државите се наоѓаат градовите-близнаци - Кјахта и Мајмачен.
Public domainСите стоки во Кјахта се разликувале по начинот на испорака, рокот на чување и времето на испорака. Така, на пример, во ноември крзната пристигнувале од Јакутскиот саем, а московската кожа и ткаенините биле испорачани во првите месеци од новата година.
Тргувањето во Кјахта донекаде наликувало на пазарот со акции на модерните берзи. Очекувајќи пораст на цените, Кјахтинските „бикови“ инвестирале пари во чај или крзна, купувајќи ја стоката однапред, а во пикот на побарувачката истата стока ја продавале. „Мечките“ го правеле спротивното - дејствувале кога цените почнувале да паѓаат и намерно не ја стимулирале побарувачката, чекајќи поповолни услови.
Руски и кинески каравани со стока во Кјахта.
Thomas Witlam Atkinson/Public DomainЕднаш, на „мечкиниот“ пазар браќата Шестов направиле огромен профит. Во 1841 година Кинезите испорачале во Кјахта голема пратка чај со големо задоцнување поради непроодните планински патишта. Затоа им било дозволено да продаваат само првокласен чај од веќе познати добавувачи, за да не губат време на проверка на евтиниот чај (бидејќи имало и фалсификати). За разлика од трговци од средна рака кои се двоумеле дали да ја купат скапата роба, Шестови биле упатени во ситуацијата и успеале да откупат значителна количина, така што во конкретната ситуација станале монополисти.
Кога постоела опасност од преголема понуда на чај во земјата, руските трговци, напротив, го запирале купувањето, плашејќи се од пад на цените на пазарот и во Москва. Поради тоа ја одложувале испораката на својата стока, без која било невозможно да се извршат трансакциите.
Меѓутоа, и доцнењето морало да има некаква мера. Крзната требало да се продадат во есен или рана зима, бидејќи кожите со стоењето ја губеле војата привлечност, а нивната побарувачка во Кина опаѓала со доаѓањето на топлата сезона. И требало да се има на ум дека логистиката во Русија напролет станувала сè поскапа. Зиме транспортот на робата до домашните саеми чинел двојно помалку, а со доаѓањето на пролетта патиштата станувале калливи, реките се излевале од коритата и поголеми биле шансите робата да се оштети, а дополнително и цените за ангажирање кочијаши биле високи и немало доволно сточна храна.
Кјахта, 1880.
Legion MediaИ кинеските трговци со чај пристигнувале многу порано во Кјахта. Но, не само поради желбата за што поскора размена на стоките. Тие исто така биле обврзани да постапуваат така во согласност со тајната инструкција за комерцијален заговор. Русите тоа упатство го нарекувале „кинески измамнички типик“.
Според „упатствата на Лифанјуан, кои ги усвои Комората за вазални територии“, жителите на Кина, по пристигнувањето во Кјахта, имале задача да откријат какви потреби за стоката имаат Русите и која е продажната цена и да предизвикаат вештачко зголемување на цените.
Приходите на компанијата за чај повеќе не зависеле од профитабилната меѓународна трговија, туку од високите цени во империјата. Цената на чајот за обичните купувачи била од три до десет пати повисока од набавната.
Трговско семејство во XVII век, 1896, Андреј Рјабушкин
Руски музејИ покрај тоа, продажбата на чај во Руската империја не заслабнувала, судејќи според податоците од дисертацијата на докторот по историски науки Иван Соколов, иако во Русија за овој напиток од почетокот се зборувало дека е „празен“ и дека е тешко да се замисли дека ќе стане попопуларен од квасот.
Михаил Салтиков-Шчедрин во „Губерниски црти“ напиша:
- Па, еве, би се рекло дека чајот е празен пијалок! - добродушно забележа Иван Онуфрич. – А само Кинезите да ни ја сопрат чешмата, од тоа може да испадне голема гужва.
Башкири пијат чај во двор, 1914.
SputnikДалечната 1638 година, кај монголскиот Алтан Кан бил испратен „емисар, болјарскиот син Василиј Старков, кој по враќањето во Москва за првпат донесе чај во Русија, меѓу другите подароци за царот Михаил Фјодорович“. Тој детаљ е наведен во „Хронолошкиот список на најважните податоци од историјата на Сибир“, издадена на крајот на ХХ век во Иркутск. Емисарот видел дека чајот се пие на дворските церемонии, но сепак го сметал за бескорисна роба. Меѓутоа, чајот му се допаднал на царот и на неговото најблиско опкружување, а следниот владетел Алексеј Михајлович дури и се лекувал со чај. На крајот на XVII век чајот се продавал и на тезги.
Продажниот простор во зградата за надворешна трговија во Јокохама.
Metropolitan Museum of ArtВо средината на XIX век чајот станал најважниот артикл во рускиот увоз. Како што забележува службеникот на Министерството за надворешни работи Николај Љубимов, „чајот ги потисна сите други кинески извозни артикли“, вклучително и мануфактурата. „Свилените ткаенини исчезнаа, ткаенината со додаток на памук исто така е речиси при крај, остана само чај, чај и чај“, напиша големиот руски реформатор Михаил Сперански. Тој водеше голема грижа за поддршката на кјахтинската трговија и обезбедувањето олеснувања за руските трговци, така што ја следеше состојбата на пазарот.
Караван со чај од Кина, на поштенскиот пат во Сибир, гравура од илустриран лондонски весник, 1891.
Getty ImagesОбемот на продажба растел од година во година. На насловната страница на New York Daily Tribune во 1857 година, Карл Маркс со доза на чудење констатира; „Просечниот обем на продажбата на чај во Кјахта претходно не надминуваше 100000 кутии годишно, а во 1852 година веќе достигна 1750000 кутии, додека вкупната вредност на стоката изнесуваше 15000000 американски долари“.
Кочијаш, 1904, Игор Грабар
Третјаковска галеријаТрговците многу ретко сами откупувале чај. Таа работа им ја доверувале на посредници кои живееле во Кјахта. Тие луѓе откупувале големи количества стока во европскиот дел на Русија на кредит или со парите на својот патрон, ја транспортирале во Кјахта и ја менувале за кинески чај, а потоа чајот го доставувале по копнен пат до руските саеми или преку Сибир во Европа. По завршената работа ги враќале позајмените пари на доверителите и се раскусурувале со трговците.
Рускиот етнограф и економист Павел Неболисин истакнал: „...полномошникот можеше да го потроши газдиниот кредит или да ја крене цената и сам да заработи од тоа, но никој не бараше од него ни да води книги, ниту какви било белешки, нему за секое прашање му се веруваше на збор“. Често се случувало посредниците да земат мито од Кинезите и да ја продаваат робата на руските трговци за ништо, или воопшто да не ја продадат. Но, чајните магнати не се грижеле многу за загубите што полномошниците ги правеле во нивниот буџет, и тоа од две причини.
„Со чај“, 1914, Константин Маковски
Регионален музеј на уметноста во УљановскПрвата била таа дека побарувачката на чај цело време била во пораст, така што заработката ги покривала и процентите за посредникот, и неповолната трампа и трошоците за логистика, па дури и богатите гозби како оние што ги приредувале препродавачите на кјахтинска роба на Макарјевскиот панаѓур во Нижни Новгород: „...кјахтинските трговци и московските чајни и другите чувари на магацините кои не знаат што е малопродажба, спаѓаат во повисоката аристократија на Макарјевскиот панаѓур и ручаат исклучиво околу 5-6 часа во престижната крчма кај Никита, каде што се собираат сите странци (повеќето Германци и Петербуржани) и јадат исклучиво со шампањ и тартуфи...“
А второ, патувањето до Кјахта во двата правци било полно со опасности, така што релативно малите загуби за трговецот биле подобри од смртта. На патот можеле да бидат нападнати од разбојници или од сопствените придружници. Така, на пример, во 1802 година, минувајќи низ Томската губернија, „полномошникот“ ги убил својот работодавец и неговиот кочијаш со тапата страна на сечилото на секирата со цел да се збогати, а потоа се обидел да им го припише убиството на разбојниците.
Алексеич, 1884, Константин Маковски
Третјаковска галеријаОд 1862 година чајот во Русија се увезува и по морски пат, бидејќи Кинезите ги откриле пристаништата и Суецкиот канал. Покрај тоа, било многу попрофитабилно да се доставува стока преку Одеса, избегнувајќи ја Азија. Обемот на размена на стоки за чај во Кјахта тогаш бил преполовен. Царината била префрлена во Иркутск. Службениците и трговците почнале да го напуштаат Кјахта.
Препродавачите на чај од Кјахта отишле во други градови за да се населат во нив и да го развијат својот бизнис, со што низ Русија се проширила навиката за пиење чај. Оттогаш љубовта кон чајот во руските срца не стивнува. И денес сè уште тлее во секое руско семејство.
Жителите и гости на имотот Абрамцево пијат чај во градината. Репродукција на фотографија од Музејот Абрамцево.
SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче