Во Русија речиси и да не постојат луѓе кои од лично искуство се сеќаваат на намалувањето на цените од времето на Сталин и на оној неверојатен бран оптимизам кој по ова „чудо“ го зафати населението. Во времето кога целиот капиталистички свет се навикнуваше да живее во состојба на постојан раст на цените кои се сметаа за показател на економскиот раст, СССР со својата планска економија ја покажа можноста за благосостојба не само со цени што растат, туку и со цени што паѓаат. За што всушност стануваше збор: за пропаганден трик или за реално економско чудо?
Бонови од триесеттите години од минатиот век
Слободни извориУште во 1929 година лидерот на СССР Јосиф Сталин велеше: „Кај нас на пазарот нема слободна игра на цените како што е тоа во капиталистичките земји. Ние главно ја одредуваме цената на лебот. И ги одредуваме цените на целата индустриска стока. Се трудиме да спроведеме политика на намалување на трошоците за производство на стока и намалување на цените на индустриските производи, настојувајќи да задржиме стабилна цена на земјоделските производи“.
На почетокот на триесеттите години од минатиот век Сталин се заложуваше за укинување на тогаш актуелните бонови за намирници и за основна стока. Нивните цени беа високи и според нив се ориентираа селаните коишто ја продаваа својата стока на пазарите. Укинувањето на боновите од 1935 година доведе до привремен пад на цените, но во воените години беше повторно воведен систем на распределба на намирници и на индустриски производи по бонови. Тоа траеше до 1947 година.
Во продавница, 1949 година.
Анатолий Гаранин/SputnikПовеќе од една третина од населението на СССР (62,8 милиони луѓе) купуваше леб од државата. Системот на бонови доминираше, но постоеше и слободен пазар. Така, во земјата постоеја цени диктирани од државата кои се одразуваа во бонови, како и пазарни цени. Во определен момент власта одлуќи дека е време боновите да се укинат и да се воспостават единствени цени за сите.
До 1947 година кај жителите од селата коишто своите производи ги продаваа на пазар, како и кај препродавачите, се појави вишок пари. Според податоците од 1943-1944 година уделот на приход од „размена на стоки и услуги меѓу група жители“ во вкупно количество приход на жителите изнесуваше 56%. Дражавата сфати дека определен дел од населението има собрано огромно количество пари, при што тој имашен дел од популацијата не беше „работничко мнозинство“ чија багосостојба беше грижа на државата. Затоа властите смислија начин како со помош на богатството што едни го собираа да се намали цената за живот за сите.
Во декември 1947 година истовремено започна монетарната реформа за укинување бонови, премин на единствени цени и пуштање во промет нови пари. Државата креираше нова рубља која се разменуваше според курсот за десет стари рубли за еден нов (за парите што граѓаните ги чуваа дома).
За заштедите на сметките во банките постоеше поинаква скала. Износот на заштедата во банка до 3 илјади рубли, каква што имаа над 80% од граѓаните, се разменуваше според курост една стара за една нова рубља, кај сумите од 3 до 10 илјади рубли беше три стари за две нови, а за сумата од над 10 илјади рубли за две стари се добиваше една нова рубља. Така имашните граѓани беа најмногу оштетени.
„Со цел да се ублажи неизбежната негативна реакција на советските граѓани поради загубата на дел од нивната заштеда, на замената на парите ѝ претходеше укинување на боновите и масовно намалување на цените во малопродажба“, се наведува во монографијата „Монетарната реформа од 1947 година и нејзината улога во обновата на народното стопанство на СССР“ (група автори под редакција на Р.М. Нуреев, М.А. Ексиндаров, Москва. Издавачка куќа КНОРУС, 2019).
Весникот „Правда“
По укинувањето на боновите воспоставени се единствени цени за стоката, кои се движеле некаде помеѓу претходните државни и пазарни цени. Цената на лебот, на брашната и на макароните се намалиле за 10-12% (во однос на државните) зашто биле значајни за населението. Цените на останатите производи биле повисоки од претходните државни цени. Така, со исклучок на наведените ограничени производи, цените во продавниците за прехранбени производи и индустриска стока останаа високи, па дури и повисоки од предвоените цени.
Индустриската стока собираше прав во магацините. За да се смени ситуацијата, владата во 1948 година ги намали цените на автомобилите, на мотоциклите, на машините за шиење, часовници, грамофони и друга стока за 10-20%.
Дури и по ова намалување цените останаа високи за обичните луѓе. Затоа во март 1949 година беа повторно намалени. Оттогаш цените се намалувани секоја пролет. Последното намалување се случи пролетта 1953 година по смртта на Сталин. Во различни години намалувани се цените на различни групи производи. На пример, во април 1953 година во голема мера се намалени цените на овошјето и зеленчукот – тие се двојно намалени, додека цената на месата падна за 15%, а на индустриските производи од 5 до 30%.
Советските весници на намалувањето на цените му посветуваа долги текстови, зборувајќи им на граѓаните за новата економска благосостојба и во достапноста на различна стока. Воведникот на списанието „Правда“ од 2 април 1953 година беше посветен на шестото намалување на цените: „Сегашнато намалување на цените, како и сите претходни, е резултат на успехот што нашиот народ ја постигна под раководство на партијата во развојот на индустриското и на земјоделското производство, резултат е систематскиот раст на продуктивност на трудот и на намалувањето на трошоците за производство. Советските граѓани се директно заинтересирани за сѐ поголема продуктивност на својот труд зашто знаат дека на тој начин се зајакнува економската моќ на СССР и се унапредува животниот стандард на работникот“.
Навистина една од причините за ваквата повеќегодишна дефлација беше повоениот развој на индустријата, порастот на производството и намалувањето на трошоците за производство коишто ги постигнаа советските работници. Во земјата во тоа време функционираше систем на наградување на работниците и на колективите за високи резултати во работата и за намалување на трошоците за производство.
Продуктивноста на трудот во индустријата од 1940 до 1953 година порасна 1,7 пати, а во градежништвото 1,5 пати. Трошоците за производство паднаа, па логично дојде и до пад на цените.
„Во СССР државното богатство е во рацете на работникот“!
Слободни извориМеѓутоа, според мислењето на Јаков Миркин, доктор на економски науки, основна база за намалувањето на цените беа високите предвоени цени, како и одземањето парични средства од населението за време на размената на стари за нови рубли, вклучувајќи ги и неповолните услови за размена на рублите за време на повлекувањето на заштедата.
„Од монетарната реформа жителите излегоа со единствени државни цени кои беа повисоки од предвоените за 2,56 пати, со ликвидација на над 90% од заштедата во готовина којашто се наоѓаше во домовите на граѓаните, 16% од заштедите во банките и над 60% од заштедите во обврзници“, вели Миркин.
Притоа, како што истакнува тој, порастот на реалниот приход на населението за тоа време, и покрај законите на економијата, трипати го надмина порастот на индустријата. Имено, по монетарните реформи спроведени во своја корист, власта доби можност да ги зголеми приходите на жителите „одозгора по пат на пораст на платите или директно намалување на малопродажните цени“. Никита Хрушчов кој дојде на власт по Сталин во 1953 година воведе нови економски реформи и ја прекина практиката на Сталин за намалување на цените.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче