Како пред 30 години приватизацијата ја измени советската економија и ги донесе првите олигарси

Russia Beyond (Игор Михаљев / Sputnik; Валентин Собољев / TASS; gazprom.ru; Public Domain)
Приватизацијата беше спроведена со поделба на ваучери. Нејзините идеолози ветија дека со текот на времето еден таков ваучер ќе вреди како два автомобили „Волга“, а заврши со тоа што едни за тие ваучери успеаја да купат акции од „Гаспром“, а други само фармерки и вотка.

„Ни требаат милиони сопственици, а не грст милионери“, изјави пред 30 години претседателот на Русија Борис Елцин во едно свое обраќање до нацијата, објаснувајќи ја целта на приватизацијата.

  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Кон крајот на 1991 година земјата беше на работ на банкрот. Излезе дека планската економија не е ефикасна – немаше доволно пари за одржување на функционирањето на претпријатијата и за исплата на личен доход. Парите ја губеа својата вредност со голема брзина. Инфлацијата во 1991 година изнесуваше 160%, а во 1992 година достигна дури 2.508,8 %. За премин на нов модел на економија беше потребно слободно формирање цени.

„Девизните резерви се на нула, пари нема не само за купување жито, ами ни за плаќање на трошоците за негов превоз со бродови. Резервите од жито според оптимистичките прогнози беа отприлика до февруари-март 1992 година“, вака состојбата на руската економија во тој период ја опишаа Анатолиј Чубајс и Егор Гаjдар во книгата „Распаќето во најновата историја на Русија“. Чубајс и Гајдар беа главните идеолози на економските реформи.

Брза приватизација

Претседателот на Државниот комитет на Русија за управување со државниот имот Анатолиј Борисович Чубајс на прес-конференција, 1992 година

Раководството разгледуваше три модела на приватизација. Британскиот модел подразбираше продажба на крупните претпријатија кои не носат голем профит, и тоа по цена пониска од пазарната. Овој процес можеше да потрае дваесеттина години, што не им одговараше на новите власти зашто тие покрај економските имаа и политички цели, а една од нив беше што поскоро да се раскрсти со комунистичкото минато.

Анатолиј Чубајс, тогашен претседател на Државниот комитет на РФ за управување со државен имот, во 2010 година во интервју објавено за телевизија рече дека „приватизацијата во Русија во 1997 година воопшто не беше економски процес... Нејзина задача беше да се запре комунизмот“.

Вториот модел на приватизација кој се разгледуваше се состоеше во отворање персонални депозити во Сбербанк, но тоа технички беше тешко остварливо со оглед на тогашниот низок развој на банкарскиот системи и на големиот број жители.

1992 година. Печатење приватизациски ваучери во офсет-печат во печатницата Гознак.

Избран беше чешкиот модел зашто тој беше најбрз. Тоа е приватизација по пат на делење ваучери кои потоа можеа да се заменат за акции во претпријатија, да се продадат или да се подарат. Навистина, во Чешка ваучерите беа персонални, а во Русија не.

Како се одвиваше приватизацијата?

На 14 август 1992 година Борис Елцин потпиша указ за делење ваучери на населението. Во теорија секој граѓанин на Русија можеше да стане сопственик на дел од крупно претпријатие. За 25 рубли (мизерна сума во тоа време) секој граѓанин можеше да добие приватизациски пари во вид на ваучер чија номинална вредност изнесуваше 10.000 рубли.

Претседателот на Руската Федерација Борис Елцин добива приватизациски ваучер, 1993 година.

Вредноста на државниот имот кој тогаше требаше да биде приватизиран изнесуваше 1.4 билиони рубли. Во земјата започна печатење на 140 милиони ваучери. Право на ваучер имаше секој граѓанин на земјата – „од најмладиот до најстариот“.

Беа приватизирани големи индустриски и земјоделски претпријатија (колхози и совхози), земја и станбен фонд. Така некогашниот државен имот им припадна на новоформираните акционерски друштва. Приватизацијата беше забранета во определени сфери (рудни богатства, епиконтиненталните појаси, цевководите и патиштата). Со текот на времето се ширеше списокот преторијатија и сферите што можат да се приватизираат.

Беше тешко да се процени реалната вредност на приватизираниот имот. Како основа беа земени бројките од планските процени, но пообјективно ќе беше вредноста да се процени на пазарот на хартии од вредност.

„Во услови на висока инфлација и на макроекономска нестабилност цената на приватизираните активи беше помала од нивната вистинска вредност, така што државниот буџет немаше голема корист од приватизацијата, што ја доведуваше во прашање и нејзината легитимност“, смета економистот Сергеј Гуриев.

Ваучер како шанса за успех

Аукција за продажба на акциите на фабриката за кондиторски производи „Болшевик“ за приватизациски ваучери, 1992 година.

Со секој од ваучерите се добиваше и предупредување: „Приватизацискиот ваучер е шанса за успех која се дава секому. Не заборавете: купувачот на ваучер ги проширува своите можности, а оној што ги продава останува без перспектива“.

Со ваучерот можеа да се купат акции од секое приватизирано претпријатие во Русија. Цената на акцијата се одредуваше на аукции. Работниците можеа да купат акции од своето претпријатие со попуст. Од декември 1992 до февруари 1994 година беа организирани вкупно 9.342 аукции на кои минаа 52 милиони ваучери.

Најдобро поминаа оние што купија акции од големите компании кои се занимаваат со извоз. Многу повеќе проблеми имаше со компаниите кои беа ориентирани на внатрешниот пазар. Жителите немаа пари да ги купуваат нивните производи. Многу вакви претпријатија банкротираа.

16 март 1993 година. Регистрација на документи за првите акционери на ЗИЛ на првата серуска аукција на ваучери.

Највносни вложувања беа аукциите на „Гаспром“, но и тука постоеше проблем. За еден ваучер во Пермската област можеше да се добијат 6.000 акции на Гаспром, во Московската област 300, а во Москва само 30 акции. (Во јуни 2022 година една акција на Гаспром чини 317 рубли, а курсот на доларот достигна 57 рубли, така што вредноста на 6.000 акции изнесуваше 33.368 американски долари).

И додека едни со ваучерите купуваа акции на енергетскиот гигант, други им ги продаваа на препродавачите или ги менуваа за намирници, за вотка и за апарати за домаќинство.

Како се појавија олигарсите?

На почетокот од приватизацијата предност имаа раководителите на фабриките, таканаречените „црвени директори“ кои дојдоа на власт во советско време. Тие ги поттикнуваа работниците да ги продадат своите акции и можеше да им ги задржуваат платите со цел да ги принудат да ја прифатат понудата. Така „црвените директори“ стануваа сопственици на целото претпријатие. Меѓутоа, со оглед на тоа што немаа компетенции за работа во пазарни услови, многумина од нив ги изгубија своите овластувања. Претпријатијата преминуваа во рацете на финансиските групи, и тоа често со помош на криминалните кругови.

1992 година, Аукција за продажба на акциите на фабриката за кондиторски производи „Болѓевик“ за приватизациски ваучери

Покрај тоа, ширум земјата започнаа да се појавуваат ваучерски фондови во кои граѓаните можеа да вложуваат ваучери и од тоа да добиваат дивиденди. Многумина, меѓутоа, не добија ништо. Од 646 фондови дивиденди исплаќаа само 136. Останатите згаснаа.

Кон крајот на 1994 година беа приватизирани 60-70% од претпријатијата од сферата на трговијата, на угостителството и на потрошувачките услуги. Судбината на ваучерите беше следнава: 50% беше вложено во претпријатијата во кои работеа сопствениците на ваучерите, околу 25% отидоа во ваучерските фондови, а 25% беа продадени.

Она што најмногу ја доведува во прашање легитимноста на приватизацијата беа заложените акции кои беа организирани од 1995 година. Владата зеде кредити, а залог беа државните пакети акции на крупни компании („ЈУКОС“, „Нориљск никел“ и други), а потоа не ги подмири тие кредити. Заложените пакети акции така им припаднаа на заемодавачите, а тие на тој начин станаа сопственици на акции на компанијата по цена пониска од пазарната.

„Единствен општествен слој што тогаш го поддржа Елцин беше крупниот бизнис, која за тие свои услуги сакаше да го добие највкусното парче од државната погача. Покрај тоа, бизнисмените сакаа да влијаат врз политиката. Така се појавија олигарсите“, има напишано Евгениј Јасин, министерот за економија на РФ (1994-1997) во статијата „Демократи, надвор!“ (весник „Московские новости“, 2003, број 44, 18 ноември).

Составувачите на Списокот на Форбс за 2012 година имаат пресметано дека две третини од руските доларски милијардери поголемиот дел од својот имот го имаат стекнато за време на приватизацијата.

Осносот на населението

1995 година. Прво годишно собреание на акционерите на Гаспром.

Во првите години од приватизацијата населението беше неутрално во поглед на овој процес. Социологот Татјана Заславска во 1995 година напиша: „Кога станува збор за <...> однесувањето на масовните општествени групи, извршената приватизација засега нема битно влијание врз нив... Само 7% од работниците ја согледува зависноста на висината на исплатата од личните напори, додека останатите сметаат дека успешна кариера обезбедуваат пред сѐ роднински и општествени врски, спекулации, измами итн.“ („Русија во потрага по иднината“, списание „Социолошки истражувања“, 1996 година, број 3).

Овој однос се смени по многу години. Анкетата што во 2017 година по повод 25-годишнината од приватизацијата ја спроведе ВИЦОМ покажа дека 73% од населението негативно ги вреднува резултатите од приватизацијата.

Дали приватизацијата имаше позитивен ефект?

И покрај тоа што беше критикувана како нелегитимна, приватизацијата карднинално влијаеше на промената на економијата во земјата. Докторот на економски науки, професорот Сергеј Орлов, смета дека приватизацијата била чекор во насока на формирање правилен економски менталитет кај населението и создавање претстава за слободниот и конурентен пазар. Според него, таа ги постави темелите за создавање на современата сфера на трговијата со услуги, на агроиндустрискиот и градежниот сектор кои интензивно се развиваат од крајот на деведесеттите години од минатиот век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња