Дали „Туполев“ Ту-214 ќе стане основниот авион на руските авиокомпании?

Максим Блинов/Sputnik
Според експертите, токму Ту-214 е авионот кој во услови на санкции воведени против руската цивилна авијација е наједноставно да се пушти во производство. Во него нема странски делови, така што не зависи од испораки од странство.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Руските авиокомпании ја разгледуваат можноста Ту-214 да стане нивниот основен модел на кој планираат да се префрлат, соопшти министерот за сообраќај на Русија Виталиј Савелев.

Ту-214 е модификација на авионот Ту-204, кој првпат полета во 1996 година. Изработен е во Конструкторското биро „Туполев“ како замена за Ту-154. Има мотор ПС-90А. Според експертите, токму тоа е авионот кој во услови на санкции воведени против руската цивилна авијација е наједноставно да се пушти во производство. Во него нема странски делови, така што не зависи од испораки од странство.

Руските воздухопловци отсекогаш сметале дека овој авион е достоен конкурент на „Боинг“ и „Ербас“. Тие се споредливи по низа карактеристики, додека Ту-214 има значителна предност во однос на долетот. Имено, тој може да лета на растојанија до 6,5 илјади километри, додека странските авиони не можат да го постигнат тоа.

Обединетата корпорација за производство на авиони на Русија веќе започна со производство на уште 70 авиони од овој модел. Така, ако се земе предвид почетокот на производството на авионот МС-21-300 планиран за 2024 година, како и сериското производство на Superjet-100, кое е веќе во тек, наредните години Русите ќе имаат со што да летаат.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња