Со кои скапоцени камења е богата Русија?

Павел Лисицын/Sputnik
Урал и Сибир се вистински ризници на Русија! Овде се ископуваат најразлични видови минерали кои подоцна се претвораат во ремек-дела на јувелирството.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Уралски смарагди, јакутски дијаманти.. во Русија се ископуваат огромни количества скапоцени камења, високо ценети во целиот свет. Покрај тоа, на Урал и во Сибир има наоѓалишта на нешто помалку скапоцени, но ништо помалку ценети во светот видови камен.

1. Дијамант

За јакутските дијаманти денес знае целиот свет, иако до средината на ХХ век тие се ископуваа само во Индија, Бразил и Африка. Тоа, дека во Јакутија, најстудениот регион во Русија, можеби има наоѓалишта на дијаманти, на руските геолози не им беше непознато. Некои наоди се документирани уште во XIX век, а геолошките истражувања бeа развивани во 1930-тите.

На крајот, во 1954 година, во Јакутија е откриен првиот кимберлитски канал, потоа вториот, третиот... Патем, за откривањето на наоѓалиштата на дијаманти се заслужни жени, советските геолози Лариса Попугаева и Наталија Сарсадских.

Дијамантите се пронаоѓани во различни периоди во Пермскиот крај (на Урал) и во Архангелската област (Руски север), меѓутоа, индустриската експлоатација денес се врши токму во Јакутија. Исто така, постои терминот „руско сечење“ кој се појави во доцните седумдесетти години на минатиот век поради строгите советски стандарди за обработка на камен. Така се нарекува не само каменот од Русија, туку воопшто и каменот со најквалитетна изработка. Тие се за десет проценти поскапи од другите.

2. Смарагд

Најголемото и единствено наоѓалиште на смарагд во Русија, рудникот Мариински (во советско време како познат Малишевско наоѓалиште), се наоѓа во Свердловската област, на Урал. Смарагдните рудници се откриени овде во 1830-тите, а целосната експлоатација започна во 1920-тите.

Освен за смарагд, геолозите се интересираа и за придружниот минерал берил, но не како јувелирски камен, туку за добивање берилиум оксид кој се користеше во воената индустрија. Денес на Урал се добиваат околу 150 килограми смарагд годишно и сите се со одличен квалитет и жолта боја.

Повремено овде се откривани и исклучително големи камења, па така во 2019 година од рудник беше изваден смарагд со тежина од 1,6 килограми, а една година претходно со тежина од 1,54 килограми.

3. Александрит

Освен смарагди и берили, рудникот Мариински произведува околу пет килограми александрит годишно. Овој камен бил откриен за време на потрагата по смарагди на Урал, а геолозите на почетокот мислеле дека се работи за многу неквалитетен смарагд. Меѓутоа, по истражувањето, сфатиле дека се работи за сосема нов скапоцен камен. Замислете, сјае како смарагд, а бојата ја менува во зависност од осветлувањето, така што ту е со зелена, ту со црвена или виолетова боја.

Именуван е во чест на рускиот император Александар II во 1834 година и брзо се здобил со популарност меѓу дворската елита. Освен на Урал, александрит денеска се ископува и во Танзанија и на Мадагаскар.

4. Гранат

Овој неверојатно убав полускапоцен камен е познат во Русија најмалку од XVI век, кога бил носен од Бохемија (Чешка). Во средината на XIX век некои видови гранат, вклучително и ретките зелени, се пронајдени на Урал, на бреговите на езерото Ладога и на полуостровот Кола.

Гранатот денес во Русија се ископува на наоѓалиштата Восточни и Јужен Сибир, како и во Карелија. Гранатот е еден од најпопуларните и истовремено поевтини јувелирски камења.

5. Аметист

Аметистот со интензивна темновиолетова боја се нарекува „длабок сибирски“ или „длабок руски“ и се смета за исклучително редок природен полускапоцен камен, и со самото тоа е многу ценет во јувелирството.

Наоѓалиштата се на Урал, во Сибир, Карелија. Аметистот со розови примеси се нарекува „француска роза“ и почесто може да се најде во природата.

На Колскиот полуостров се наоѓа едно од најстарите наоѓалишта на аметист познато од XVI век, „’ртот Брод“, околу 300 километри јужно од Мурманск.

Овој кристал е видлив таму директно во пукнатините на карпестиот брег на Белото море. Прекрасно, нели?

6. Спинел

Словените за црвените скапоцени камења го користеле зборот „лал“, што значи црвен. Терминот вклучувал и рубини и корунди, но најчесто се мислело токму на спинел. Овој камен е зачуван на императорските инсигнии на Романови, се користел за украсување на круната на Руската империја, сребрени обетки и токи.

Вистина, сите тие камења се од странско потекло. Инаку, до XVIII век, воопшто не разликувале спинел и рубин, со кој на изглед е многу сличен. Во советско време се пронајдени наоѓалишта на спинел во Јакутија, на Урал и на подрачјето на Бајкалот. Треба да се каже дека често се откривани во близина на скапоцените камења рубин и сафир, чија индустриска експлоатација не се врши во Русија.

7. Топаз

Полускапоцените уралски топази можат да бидат и светлосини, со полупроѕирна маглина и со интензивно кафена боја.

Најчесто се наоѓаат а во Илменскиот резерват во јужниот дел на тој регион, а меѓу наодите се среќаваат и вистински „тешкаши“, до триесет килограми. Руските топази отсекогаш биле исклучително популарни јувелирски камења, како во земјата, така и во странство, познати уште на почетокот на XIX век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња