5 милијардери од Западот кои имаат руски корени

Russia Beyond (Photo: FilmMagic, Gamma-Rapho, Fairfax Media, Corbis Historical/Getty Images; AP)
Овие милијардери се деца на имигранти кои одамна го напуштиле Руското царство или Советскиот Сојуз и се збогатиле во својата нова татковина.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Околу 900 руски државјани влегоа на Форбсовата листа на милијардери во 2022 година, но на неа има и неколку странски милијардери со руско потекло.

1. Сергеј Брин

Еден од основачите на „Гугл“ е роден во Москва 1973 година во семејство на математичари. Семејството на Брин се пресели во САД кога овој иден милијардер имаше шест години. Кога првпат после тоа го посети СССР во 1990 година, не беше импресиониран од она што го затече.

Брин заедно со Лери Пејџ го основаше интернет-пребнарувачот „Гугл“. Двајца дипломци од „Стенфорд“ го трансформираа својот стартап во една од најголемите светски компании. Брин е државјанин на САД.

Според листата на милијардери на „Форбс“ за 2022 година, Сергеј Брин има богатство во нето вредност од 111 милијарди долари, што го става на шестото место на оваа листа.

2. Хари Тригубоф

Роден 1933 година во Кина од родители Руси, Тригубоф доаѓа во Австралија како тинејџер. Во раните 1960-ти, ја основа „Меритон“, градежна компанија која прави револуција на пазарот на недвижности во Сиднеј. Тој е пионер во развојот на станбени комплекси и станови во градот, каде традиционално доминираа семејните куќи.

Компанијата „Меритон“ има изградено околу 76000 станови ширум источниот брег на Австралија. Под прекарот „Хари на висока нога“, Тригубоф има богатство од 12,7 милијарди долари и го држи 144-то место на листата на „Форбс“.

3. Бернард Маркус

Основачот на Home Depot е роден во Њујорк 1929 година од руско-еврејски родители-имигранти. Маркус сакал да стане доктор, но семејството не можело да си дозволи школарина, па младиот човек студирал да биде фармацевт, за на крајот да се заинтересира повеќе за комерцијалната страна на работењето.

Откако Маркус ја губи работата во регионална продавница за хардвер, тој станува коосновач на Home Depot, компанија која прерасна во најголемиот малопродажен синџир на градежни производи и материјали во САД.

Нето-вредноста на Маркус е наводно 8,3 милијарди долари.

4. Ралф Лорен

Извршниот претседател и извршен директор на модната империја, Ралф Лорен, е роден во Њујорк во семејство на еврејски имигранти. Неговите родители доаѓаат во САД во екот на граѓанската војна во Русија.

Лорен влегува во американскиот моден бизнис кога основа компанија за изработка на вратоврски, за со текот на времето таа да прерасне во една од најголемите светски модни империи.

Лорен за прв пат во животот дојде во Русија во 2007 година. Во колумна за магазинот „Вог“ тој напиша:

„Додека стоев на Црвениот плоштад, а зад мене блескаа златните куполи на храмот „Василиј Блажени“, фрлајќи блескава светлина врз Кремљ, ми запре здивот. За прв пат почувствував поврзаност со земјата во која се родени моите родители. „Руските корени“ не се само празни зборови; таа врска навистина постоеше, ја искусив нејзината моќ! И бев трогнат и маѓепсан од ова чувство, кое беше сосема ново за мене“.

Според „Форбс“, Лорен има богатство од 6,9 милијарди долари.

5. Игор Оленикоф

Семејството на Игор Олеников го напушта Советскиот Сојуз по Втората светска војна и се преселува во Иран пред да се насели во САД 1957 година.

Дипломецот на Универзитетот Јужна Калифорнија, Олеников купува 16 станбени единици и ја основа компанијата за недвижнини „Олен“. Неговиот бизнис со недвижнини значително расте, опфаќајќи 8 милиони квадратни стапки (743224,32 м2) деловен простор и 15000 станбени единици во Калифорнија и четири други американски држави.

Во 2007 година Олеников се изјасни за виновен дека лажел на својата даночна пријава и плати казна од 52 милиони долари за измама.

„Форбс“ го проценува неговото богатство на 4,7 милијарди долари.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња