АвтоВАЗ значително ги зголеми цените на автомобилите од марката „Лада“

Lada.ru
Поскапувањето веројатно е поврзано со промената на курсот на руската валута.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон!  Cо „Телеграм“ сме секогаш со вас! 

АвтоВАЗ од 1 март ги покачи цените на автомобилите Лада. Возилата во просек поскапеа за 15%. Ова го објави РИА „Новости“.

Според новиот ценовник, „Лада Гранта“ со минимална опрема чини 685 илјади рубљи (6650 евра), што е за 14% повеќе од претходно. За „Лада Веста“ потребно е да се издвојат 1 милион и 33 илјади рубли (околу 10000 евра), што е зголемување за 20%, а за моделот xRay 1 милион и 10 илјади рубли (9800 евра), што е зголемување од 22%.

Најмногу поскапе „Лада Ларгус универзалл“, за дури 30%. Неговата цена во новиот ценовник е 1 милион и 77 илјади рубљи (10460 евра).

Не се наведува која е причината за ова зголемување. Тоа веројатно е поврзано со промената на курсот на руската валута.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња